3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотПочна божикниот пост За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба. Според типикот на црквата, божикните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божикниот пост, посни се и сите славски трпези. Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божикните пости. Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите отци од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот - Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Соборот во Цариград во 1166 година. За постот Постот е доброволно самовоздржување од храна, лоши мисли, желби и дела. Постот е очистување на душата и телото од страстите и израз на благодарност кон Бога. Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните. Затоа, свети Василиј нè предупредува: „Не ги ограничувајте придобивките од постот само на воздржување од храна, бидејќи вистинскиот пост е оддалечување од лошите дела.“ Свети Јован Златоуст, пак, вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги прогонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него. Постот и молитвата ни се голем дар Божји, без кој за нас луѓето нема обожување и спасение. Тие се наше благодатно учество во Крстот Христов, па затоа и во Неговото Воскресение. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот Господ, Богочовекот Исус Христос, преку севкупниот Свој живот во тело меѓу нас луѓето. Господ постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш пa наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости. Доволен показател за спомнатото е животот на кој било од нашите Светии од Пресвета Богородица и Светите Апостоли, па до денес. Вистински пост и молитва како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата. Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот наш христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот можеме да го поделиме на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто го подразбираме телесниот пост, којшто е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од Светиот Дух вдахновена го определила. При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Не е можно секој човек, секоја конкретна личност да си наложува и да се оптоварува со иста тежина. Во Црквата живеат, се спасуваат и деца во развој (од кои до нивната седумгодишна возраст воопшто не се бара телесен пост како подготовка за Причест) и изнемоштени, остарени луѓе, потоа луѓе болни или оптоварени со тешка физичка работа, како и жени, бремени или со доенчиња. На сите овие духовниот отец, свештеникот, ќе им определи пост според нивните телесни сили или ако треба и сосема ќе ги ослободи од него. Постојат и луѓе коишто иако можеби немаат телесна слабост, духовно се слаби и не можат да го издржат целото правило на постот. Меѓу нив има и такви коишто допрва приоѓаат кон Црквата или после подолг период и се враќаат. Духовниот отец треба да биде многу внимателен со овие браќа и сестри христијани и да не ги оптовари со пост којшто е поголем од она што тие можат слободно и љубовно да го поднесат и да го прифатат. Одредувајќи им ја на овие луѓе вистинската мера на постот, но и пристапувањето кон Светите Тајни, ние многу ќе им помогнеме во понатамошното духовно растење. Од друга страна, пак, претераноста, неодмереноста во постот може да го парализира и запре нивниот духовен развој. Знаеме дека ни на новороденото дете не му се дава веднаш тврда храна, туку најнапред млеко. Ако оваа претпазливост е потребна за телесното растење дотолку повеќе е значајна и за духовното. Еве што за ова пишува нашиот светогорски монах, големиот испосник и духовен отец, Епископот Велички Гаврил од Лесновскиот манастир, кој постојано живееше во најстрог пост: „Оние што воопшто не постат нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството Небесно. Но тие не можат веднаш да го усвојат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и во петок, во првата и во последната недела од постот, а потоа со текот на времето ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат полното правило, така што по некое време и тие ќе постат уредно... Освен тоа, почетникот најнапред може во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, така што со текот на времето ќе мине на целосен пост.“ („Правила и одредби на Право-славната Црква за постот“, Епископ Велички Гаврил Светогорец). Како што можеме да забе-лежиме, карактеристика на светите луѓе од Црквата е голема строгост спрема себеси и големо снисходење и милост спрема послабите браќа и сестри. Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец, како што видовме, може да неразреши, но од духовниот пост - никој, па дури ни ангел од небото. Затоа, телесниот пост не е секогаш неопходен како подготовка за Света Причест, додека пак, духовниот е неопходен. Духовниот пост е самата суштина на христијанското живеење и постоење во Црквата. Сепак и телесниот пост многу го помага духовниот. На пример, многу помага за да се вежбаме во трпение, смирение и молитва, да владее во нас дух на покајание, а покрај тоа, од она што би го заштедиле постејќи, можеме да им дадеме милост и помош на сиромасите. Кога вака правилно би се разбрал постот, веруваме дека не би постоел христијанин кој би можел да се оправда ако не го држи постот.1 Оние пак, што побожно и редовно го запазуваат постот, секогаш треба да го почувствуваат како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови. (извадок од Посланието „За постот, за молитвата, за исповедта и за Светата Причест“, од книгата „Слово од Елеуса“) '64. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор: Ако некој клирик се најде дека пости во ден Господов (не-дела) или во сабота, освен во едната (Великата) сабота, да би-де расчинет; а ако е мирјанин да биде одлачен. 69. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор: Ако некој епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон, чтец или певец не пости во Светата Четириесетница или во среда и петок, освен кога за тоа му пречи телесна немоќ, нека биде расчинет, а мирјанин да биде одлачен. МПЦ-ОАТагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 8. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место. Кариера Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа. Здравје и совет Делата се поважни од зборовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците. Кариера Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата. Здравје и совет Знаете што ви е потребно за да бидете здрави. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се. Кариера Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете. Кариера Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата. Здравје и совет Немојте да се противите . Овен 21.3-20.4. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност. Кариера Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат. Здравје и совет Бидете искрени кон себе и кон другите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка. Кариера Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем. Здравје и совет Емотивна нерамнотежа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора. Кариера На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува. Здравје и совет Спасот е во работењето. Рак 22.6-22.7. Љубов Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува. Кариера Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно. Здравје и совет Држете се до законите. Лав 23.7-22.8. Љубов Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право. Кариера Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се. Здравје и совет Мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро . Кариера Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат. Здравје и совет Јадете повеќе зеленчук. Вага 24.9.-23.10 Љубов Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте. Здравје и совет Намалете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook