Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаБожиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветењеКатегорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет.Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби. СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Нема да дозволам преку партиски прес-конференции да се фрлаат невистини во јавноста и потоа да се очекува тие да останат без одговор. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед. Затоа, наместо политички конструкции и измислени „мрежи“, од СДСМ барам во рок од 24 часа јавно да ги повлече невистинитите тврдења и да ми се извини за нивното изнесување. Во спротивно, ќе следуваат конкретни правни чекори. Ќе ги искористам сите расположливи правни механизми за заштита на мојата чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и соодветни пријави до надлежните институции. Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања. Сања Божиновска Министерство за енергетика, рудраство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државатаФилипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните. СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места. Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери. СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план. Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија? СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банкаНа 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп немаАрамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп. Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години. Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра. Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат. Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари. За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм. Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство. Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива. Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт. Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци. Истовремено, трошоците секојдневно растат. Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство. Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година. Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти. Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа. Вака навистина никогаш не било. Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри. Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook