ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура
1ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиПроменливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктураОпштина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани. Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика. Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата. Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место. Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканШпанија заплени два тони кокаин од јахта поврзана со балканска нарко мрежаШпанија заплени два тони кокаин од јахта што пловела под полско знаме, поврзана со балканска нарко мрежа. Пресретнувањето на едрилицата што го превезува кокаинот во Атлантикот доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога. Операцијата дончела, спроведена од шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и заплена на повеќе од 2.000 килограми кокаин на околу 640 километри од галиција. Со помош на американската администрација за борба против дрога, националната агенција за криминал на Велика Британија и португалскиот центар за поморска анализа и операции за наркотици, шпански патролен брод ги пронашол и лоцирал шверцерите на 400 милји од Галиција. Полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа 2.100 килограми кокаин складирани на палубата. Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - од аргентинска, уругвајска, колумбиска и албанска националност - а осомничениот Албанец е наводно одговорен за надгледување на испораката до купувачите на балканот.истрагата останува отворена додека полицајците се обидуваат да уапсат човек во Барселона за кој се верува дека е одговорен за надзорот и логистиката на групата. Spain: A total of 2.5 tons of cocaine was seized aboard the 15-meter Polish-flagged sailboat Seute Deern, intercepted by the Special Operations Vessel Petrel I from the Customs Surveillance Service [SVA] approximately 400 miles off the Galician coast. The yacht, reportedly using… pic.twitter.com/PnD6ipfKuX — Crime Intel (@WorldCrimeIntel) September 21, 2026 Тагови: кокаин Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИН МЕМОРИАМ: Тонкица Митровска (1948-2026)Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера. Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерации. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања, носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус, таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасираше патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација. За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност, ДФРМ ја одликуваше Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија. Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.Тагови: Тонкица Митровска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook