Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Жртва на семејно насилство која излезот од физичкиот напад го нашла во самоодбрана со нож или убиство со умисла при семејно насилство, како што го квалификува Јавното обвинителство? 

Што се крие зад случајот со двојното убиство во Кратово кога пред три дена 36 годишната жена ги уби сопругот и свекорот во семејната куќа.

Платформата за родова еднаквост реагира на квалификацијата на делото, повикувајќи се на соопштението на Обвинителството во кое се наведува дека на убиството му претходела вербална расправија, а оти потоа сопругот почнал физички ја напаѓа осомничената, ја удирал со тупаници во главата и телото, а потоа почнал да ја дави.

-Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение. Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство, од страна на ЈО во Куманово. – Александра Трајановска – Хелсиншки комитет за човекови права

Овој случај, како што посочуваат од Платформата, многу наликува на случајот со Пале Иловска од Велес која, исто така, беше жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот, па бараат судот да ги има предвид аргументите во таа ослободителна пресуда.

Според неофицијланите верзии во јавноста, 36 годишната жена која го изврши двојното убиство секојдневно била тепана, во топлите денови носела дуксер за да ги сокрие модринките од насилството на сопругот и барала помош од институциите. Според некои тврдења, три дена пред убиството, била избркана од дома, а децата останале во куќата. Спиела на улица и потоа влегла во куќата каде пак трпела насилство по што се случило убиството.

Сепак, која ќе биде финалната верзија на настанот сепак ќе покаже обвинителската истрага откако ќе бидат проверени сите околности. Оттаму велат:

-Јавното обвинителство мора да ги преземе сите дејствија за целосно да го истражи настанот и не може да ги отфрла од старт кривичните пријави без проверки.- ЈОРМ

Леао ги одби саудиските милиони

Португалецот Рафаел Леао одбил примамлива понуда од саудиски Ал Хилал и останува на ставот да продолжи во Милан, пишува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Дваесет и пет-годишниот фудбалер минатата сезона со миланскиот гигант постигна 15 гола и 14 асистенции на 47 натпревари.

Во последните недели, зголемен интерес за Леао беше забележан од неколку клубови во Саудиска Арабија, кои се подготвени да платат околу 100 милиони евра за неговиот потпис и му нудат плата од 20 милиони евра по сезона.

Сепак, Португалецот не планира да го напушти Милан ова лето.

Италијанскиот клуб би се разделил со Рафаел Леао само по активирање на неговата ослободителна клаузула, која е во вредност од 175 милиони евра.

Белгија, Словачка и Романија се пласираа во осминафиналето на ЕП 2024

Словачка и Романија ремизираа 1:1 во последниот дуел од групата Е на Евро 2024, а со тој резултат и двете репрезентации се квалификуваа во осминафиналето.

Во првото полувреме, двете селекции разменија по еден гол преку Дуда и Марин од белата точка.

По паузата, екипите решија да не си ги комплицираат животите и да го задржат паритетот со кој одат напред.

Куриозитет во овој случај е што сите четири селекции во групата завршија со по 4 бода, но голем губитник на крајот е Украина поради најлошата гол-разлика.

Во другиот натпревар од групата, Белгија и Украина одиграа без голови./МИА

Зеленски потпиша закон за користење на англискиот јазик во меѓународна комуникација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој официјално се воспоставува англискиот јазик како јазик на меѓународна комуникација во Украина.

Документот дефинира и листа на позиции за кои од вработените се бара течно да зборуваат англиски.

Конкретно, познавање на англискиот јазик е задолжително за раководителите на управите на локалната самоуправа, воените службеници, обвинителите, даночните власти, царинските службеници, наставниците и здравствените раководители.

Државните службеници кои зборуваат англиски јазик ќе добиваат бонус на платата од 10 проценти. Дополнително, ќе се обезбеди буџетска поддршка на кината за прикажување филмови на англиски јазик./МИА

притисни ентер