Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“
1Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“
3ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
1Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаПисмо на голема група интелектуалци во знак на благодарност до Вселенскиот патријархОтворено благодарствено писмо до Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј упати голема група интелектуалци во знак на благодарност за прифаќањето во канонско единство на Охридската Архиепископија.Ваша Сесветост, сепочитуван Татко на Православните и Вселенски Патријарх Г. Г. Вартоломеј, Ние, долу потпишаните граѓани, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери на општеството во Македонија, со нескриена радост ја поздравуваме и силно Ви благодариме Вам и на членовите од Вашиот Свет Синод за Вашата историска одлука од 9 мај 2022 година. Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни. Со Вашата одлука се поплочува патот до зацврстување на добрите односи и знаците на заемно братољубие меѓу црковните достоинственици, свештенството и верниците од сите помесни цркви, како резултат на отстранувањето на расколот. Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква. Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол. Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа. За нејзиното возобновување се бореле поколенија и поколенија наши духовни и општествени дејци. Патем, како што некогаш древната Охридска Архиепископија била во силна духовна врска со Константинопол, така денес, со Вашето признавање, воскреснува и таа заемна врска со сечесниот Центар на Православието. Примањето на Охридската Архиепископија во канонско единство е чин со кој Вие изградивте одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на Православието. Ваша Сесветост, Вие се покажавте достоен сомолитвеник на Синот и Словото Божјо, кој во Својата првосвештеничка молитва во Гетсиманија, Го молеше Бога Отецот, „да бидат сите едно“ (Јн. 17, 21). Ние веруваме во Вашата мудрост и просветление, како и во мудроста и просветлението на нашиот почитуван и свет Архиепископ г. г. Стефан и на нашите свети архиереи и се надеваме дека наскоро ќе дојде до историското сослужение на Вселенскиот Патријарх со Охридскиот Архиепископ г. г. Стефан. Потем, со Господ напред, го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата Црква, а тоа е доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот Патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на верниот македонски народ и на сите граѓани во неа. Ви благодариме и Ви целиваме света десница! Скопје 14.05.2022 година Проф. д-р Марјан Ѓуровски с.р. Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола Академик проф. д-р Вера Битракова Грозданова с.р. Македонска академија на науките и уметностите Проф. д-р Методи Чепреганов с.р. редовен професор во пензија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Цане Мојаноски с.р. редовен професор во пензија, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, поранешен Претседател на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Академик Газанфер Бајрам с.р. Потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите Проф. д-р Зоран Матевски с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Генерал Мирослав Стојановски с.р. генерал потполковник во пензија, поранешен началник на Генералштабот на АРСМ Проф. д-р Татјана Стојановска Иванова с.р. Филозофски факултет, Институт за социологија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. д-р Драган Зајковски с.р. црковен историчар и медиевист, Институт за национална историја - Скопје Проф. д-р Борче Илиевски с.р. црковен историчар, Институт за национална историја – Скопје Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ с.р. славист, редовен професор во пензија, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. д-р Аспазија Софијанова с.р. Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Ацо Гирески с.р. редовен професор во пензија, поранешен Декан на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. Д-р Милица Миркуловска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. д-р Валериј Софрониевски с.р. Филозофски факултет, Институт за класични студии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Људмил Спасов с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова с.р. Факултет за музички уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Проф. д-р Крсте Најденкоски с.р. ФЕИТ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. д-р Веле Смилевски с.р. поет, есеист, литературен критичар и научен работник Проф. д-р Емилија Црвенковска с.р. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје Проф. д-р Апостол Трпески с.р. Факултет за драмски уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Раде Силјан с.р. поет, писател, литературен критичар Бранко Ѓорѓески с.р. новинар М-р Влатко Деловски с.р. етнолог и културолог М-р Душан Пецаковски с.р. бизнис сектор М-р Илија Ико Каров с.р. режисер и писател Благој Веселинов с.р. актер Петар Костовски с.р. актерКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканДвајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“ Министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ потврди дека шест лица се тешко повредени во тешката автобуска несреќа на автопатот А3, додека 27 лица се класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата. Двајцата возачи на автобус се меѓу повредените, но сè уште не е познато колку се сериозни нивните повреди. Двајца патници загинаа во несреќата, објави Индекс. Сите повредени се пренесени во болниците во Загреб Веднаш по пријавата, на терен беа испратени девет екипи на Итна медицинска помош, шест од Загрепската жупанија, две од Сисак-Мославина и еден хеликоптер на Итна медицинска помош. Според првичната тријажа, пет лица имале тешки повреди, а уште едно лице е пренесено со хеликоптер. Две тешко повредени лица се пренесени во КБЦ Сестре милосрднице во Виноградска, едно лице во Клиниката за трауматологија во Драшковиќева и две во КБЦ Загреб. „Важно е да се нагласи дека сите тешко повредени лица се примени во болниците во рок од еден час за понатамошни прегледи и лекување“, истакна Хрстиќ. Останатите 27 лица, кои беа класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата, беа пренесени со амбулантно возило или со полициска придружба во пет болници во Загреб за понатамошни прегледи. Тоа се Загрепската болница, Болницата „Сестри на милосрдието“, Болницата „Дубрава“, Болницата „Меркур“ и Клиниката за трауматологија во Драшковиќева. Министерот нагласи дека сите учесници во несреќата се испратени на болнички прегледи. Автобусот излетал од автопатот и се превртел Тешката несреќа се случила утрово околу 7:25 часот на 61-от километар од автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички излетал од патот и се превртел на страна. Според досега достапните информации, во автобусот имало 35 лица, вклучувајќи 33 патници и двајца возачи. На местото на несреќата биле испратени и пожарникари, кои учествувале во спасувањето на жртвите и спречувањето на евентуален пожар. Вицепремиерот Томо Медвед го посети местото на несреќата и разговараше со помладите патници во автобусот. „Се сретнавме со помлади луѓе кои беа патници во автобусот. Јасно е дека се под стрес. Ги охрабривме и за нив беше соодветно згрижено“, рече Медвед. Тој додаде дека полицијата ги утврдува идентитетите и националностите на патниците и дека ќе се координира со надлежните амбасади доколку е потребно. Причината за автобуската несреќа сè уште не е позната. Полицијата спроведува истрага која ќе ги утврди сите околности на слетувањето и превртувањето на автобусот.Тагови: автобуска несреќа Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНавивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)Неверојатна сцена беше видена во аргентинскиот фудбал, каде што навивачите на Росарио Централ истрчаа на теренот за да го прослават освојувањето на трофејот, убедени дека нивниот тим станал шампион на табелата за годината. Сепак, прославата беше прерана, бидејќи Бока Јуниорс постигна гол во 96-тата минута со кој ја освои титулата. Во последниот натпревар од сезоната Клаусура, Росарио Централ го победи Естудијантес де Рио Куарто со 2-0, со што стигна до 62 бода на вкупната табела, која ги вклучува резултатите од двата кратки шампионски циклуси (Апертура и Клаусура). Играчите и навивачите веруваа дека ова е доволно за да го освојат новововедениот трофеј, бидејќи Бока Јуниорс играше против Дефенса и Хустиција во исто време, а резултатот беше 0-0 до крајот на судиското продолжение. Фудбалерите на Росарио се собраа околу своите мобилни телефони за да го следат финалниот натпревар на нивниот најголем ривал. Убедени дека нивната работа е завршена и дека Бока повеќе не може да ги престигне, навивачите истрчаа на теренот и почнаа да слават со играчите. Сепак, следеше целосен пресврт. Енер Валенсија постигна гол против Дефенса и Хустисија во 96-тата минута, со што Бока победи со 1-0 и вкупно 63 бода на вкупната табела, еден повеќе од Росарио. INCREÍBLE: en Rosario, algunos hinchas de Central confundieron el gol de Boca con uno de Defensa y Justicia y comenzaron a festejar título... que al final fue del Xeneize. ▶️ ESPN Premium | Suscribite al Pack Fútbol | #TorneoClausura 🇦🇷 https://t.co/TfN3ToodL1 — ESPN Argentina (@ESPNArgentina) November 8, 2026 Така, трофејот отиде кај Бока Јуниорс, а капитенот Леандро Паредес имаше чест да го подигне пехарот што само неколку минути претходно навивачите на Росарио веќе го сметаа за свој. - Веќе немам зборови да опишам што доживувам и чувствувам. Морав да верувам. Знаев дека ќе напаѓаме до самиот крај на натпреварот, до последната секунда. Не беше среќа, туку континуитет и работа. Го заслуживме ова и успеавме - рече Паредес. ¡GOL DE ENNER VALENCIA PARA DARLE A BOCA EL 1-0 SOBRE EL FINAL Y ACARICIAR EL TÍTULO! ¡LOCURA EN LA BOMBONERA! ▶️ ESPN Premium | Suscribite al Pack Fútbol | #TorneoClausura 🇦🇷 https://t.co/jKhbnZLZrW — ESPN Argentina (@ESPNArgentina) November 7, 2026 Двата тима се квалификуваа за плејофот на Клаузура, кој ќе започне по паузата за меѓународни натпревари. Бока Јуниорс го очекува и финалето на Копа Судамерикана против бразилскиот тим Атлетико Минеиро, закажано за 21 ноември.Тагови: навивачи титулата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook