Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
1Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
ХороскопДневен хороскоп за 14. јуни 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 14. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСекторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице.Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот. Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста. Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилна експлозија во фабрика за муниција во Италија (ВИДЕО)Силна експлозија одекна во фабрика за муниција во близина на италијанскиот град Колеферо, југоисточно од Рим, а детонацијата, според извештаите на локалните медиуми, се слушнала на километри оддалеченост.Ројтерс известува дека пожарникарите и полицијата брзо пристигнале на местото на пожарот што избувнал во индустрискиот комплекс. Надлежните служби веднаш почнале да проверуваат дали има жртви во несреќата. Експлозијата се случила во поранешната фабрика „Симел Дифенс“, која сега ја управува „KNDS Amo Italia“, дел од француско-германската одбранбена група „KNDS“. Телевизиските снимки покажуваат голем облак од густ чад што се издига над индустрискиот погон, додека службите за итни случаи интервенирале во областа на фабриката. Powerful explosion rocks an ammunition plant near Rome A fire and powerful explosion occurred at the KNDS Ammo Italy plant in Colleferro, which produces medium- and large-caliber ammunition as well as solid propellant for aerospace rockets. According to preliminary information,… pic.twitter.com/hm8FQ2GpUf — NEXTA (@nexta_tv) August 13, 2026 „KNDS Amo Italy“ произведува муниција со среден и голем калибар за копнени и поморски одбранбени системи, како и цврсти ракетни погонски горива за системи за лансирање во вселенската индустрија. Компанијата е исто така меѓу изведувачите вклучени во рамковните договори на Европската агенција за одбрана за набавка на артилериска муниција од 155 милиметри, склучени во 2023 година. Во времето на објавување, не беше познато дали има повредени или смртни случаи, ниту што точно ја предизвикало експлозијата.Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУкраина и предлага на Русија прекин на нападите врз цивилни цели во Црното МореУкраина испрати понуда од трета страна до Русија за двете страни да престанат да напаѓаат цивилни цели во Црното Море, изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.Украина сè уште не добила одговор на својата понуда, додаде изворот. Во последните недели, двете страни изјавија дека меѓусебните напади врз пратките со жито и инфраструктурата во виталниот воден пат би можеле значително да влијаат на светските цени на храната оваа година. Grateful to Ukrainian warriors who are bringing the war back to Russia and responding to its attacks against life. Our targets are consistently defined facilities that sustain the war effort. Middle strikes were carried out overnight, with successful hits in the Black Sea and… pic.twitter.com/lOCRhSjkG7 — Defense of Ukraine (@DefenceU) August 1, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook