Сончево со мала до умерена локална облачност - Канал 5

Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степенa.

За време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети.

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација.

Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет.

Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите.

Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства.

Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење.

Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт.

Паралелно се унапредени и процесот на проценка на влијанието на регулативата преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

Почитувани,

Овие резултати се доказ дека реформите не се декларативни, туку носат конкретни промени кои создаваат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата.

Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција црвен аларм: Предупредувања за силно невреме со поројни дождови и ветер до 100км/ч

Во екот на летната сезона, метеоролозите прогнозираат невреме во многу делови на нашиот јужен сосед.

Во Грција црвен аларм: Предупредувања за силно невреме со поројни дождови и ветер до 100км/ч

По деновите со екстремно високи температури, северниот дел на Грција влегува во период на опасни временски услови.

Грчката национална метеоролошка служба издаде црвен аларм, предупредувајќи на интензивно невреме што денеска ќе ги зафати повеќе региони, меѓу кои и Халкидики и Солун – кои воедно се и најчести дестинации на македонските туристи.

Се очекува дожд, придружен со грмотевици, невреме и пад на температурите под вредности вообичаени за овој период од годината. Бурата ќе ги погоди и копнените и островските региони на земјата – најавите се за во Тесалија, централна Грција, вклучувајќи ја областа на Атина, во Евбеја, локално на Пелопонез, во планинските области, Тракија, Халкидики. Ветерот ќе достигне брзина од 100 км/ч во некои области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две години ВМРО и Борко Ристовски го уништуваат спортот - со ребаланост поддршката е преполовена

Оваа Влада системски го уништува македонскиот спорт.

СДСМ: Две години ВМРО и Борко Ристовски го уништуваат спортот - со ребаланост поддршката е преполовена
Две години се крати поддршката за спортот, нема инвестиции за спортистите, клубовите и федерациите
Додека спортистите се борат за основни услови за тренинг и натпревари, Владата и со ребалансот ги скрати парите за спортот.
Не се предвидени дополнителни пари за субвенции за спортските субјекти. Тоа значи дека директната поддршка за федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти останува на само 5,4 милиони евра.
Во 2024 година поддршката изнесуваше 10 милиони евра.
Во 2025 година беше намалена на 6,7 милиони евра.
Денес е сведена на само 5,4 милиони евра.
За само две години спортот изгуби речиси половина од директната финансиска поддршка.
Ова е континуирана негрижа на власта за областа што е промотор на нашата држава.
До кога планира Мицкоски и Владата на ВМРО да маргинализираат спортот и спротистите?
Нели затоа стави спортист за министер, кој заборави на спортот откако се префрли на бизнис зделки и тендери.
Наместо да инвестира во луѓето кои го создаваат спортот, на министерот за спорт најголем фокус на министерот му се градежни проекти.
Дали Министерството за спорт се претвора во градежна фирма?
Наместо системска поддршка за спортистите, младинските категории и спортските клубови, најголемите активности се сведуваат на отворање и реконструкција на објекти.
На 11 јуни 2026 година беше свечено пуштена во употреба спортската сала „Расадник“, во присуство на премиерот, министерот и високи владини претставници.
Проектот беше претставен како капитална инвестиција од невидени размери досега.
За реконструкцијата беа потрошени околу 1,9 милиони евра. Само еден месец по свеченото отворање, во салата повторно се изведуваат работи, на веќе реновираниот паркет.
Дали салата имаше технички прием пред отворањето? Дали премиерот знаел дека објектот кој свечено го отвора владата само еден месец подоцна повторно ќе се реконструира?
Министерот често зборува за вложување во младите, а не им дава поддршка.
Каде е системот за развој на младите ватерполисти?
Каде е стратегијата за спортовите кои со години се борат за опстанок?
Каде е поддршката за оние кои утре треба да ги бранат боите на Македонија?
Младите се откажуваат од спортот, немаат услови, разочарани се од системот.
Спортот го создаваат спортистите, тренерите, клубовите и федерациите.
Македонските спортисти заслужуваат влада која ќе инвестира во нив, која ќе ги поддржува и им овозможува услови за успеси и награди, а не влада која гледа како да украде и од нив за да има повеќе за своите лускузи и бизниси.
Прес конференција на Панче Милевски-Панта, СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер