Други спортовиПауел изрази сомневање за резултатот на ГетлинПоранешниот светски рекордер на 100 метри Асафа Пауел (Јамајка) го доведе во прашање резултатот на Џастин Гетлин (САД) од 9,74 секунди истрчан во мај во Доха што е најдобро време годинава. - Гетлин навистина трча одлично и секоја чест. Сепак, малку повеќе сум изненаден од фактот дека тој својот најдобар резултат го постигна во првата негова трка сезонава, истакна Пауел коментирајќи го резултатот на Американецот остварен на трката од Дијамантската лига во Доха со кој за четири стотинки го подобри личниот рекорд. И Пауел и Гетлин во своите кариери биле суспендирани поради користиње допинг. Пауeл на 18 месеци, а Гетлин цели четири години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денариНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евраНа над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски. Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок. Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси. Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаСледната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијатаСобранискиот спикер Африм Гаши од следната недела ќе бара начин да се одглави и изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата, која од ДКСК во Собранието е поднесена уште пред 5 месеци, но се уште не е усвоена. По реакциите на дел од невладините, Гаши на брифинг со новинарите објасни дека таа е ставена на дневен ред, но седницата е заглавена поради законот за правична застапеност кој го блокираат албанските опозициски партии. Една од опциите е на седница да се гласа само за ова точка, но доколку нема договор меѓу пратениците, Антикорупциска ќе треба да ја повлече, па повторно да ја достави, кажа Гаши. - Националната стратегија за борба против корупцијата е ставена на 111 седница кадешто е и законот за правична застапеност. Како што знаете таа седница беше блокирана од опозицијата. Јас ќе побарам во понеделник од координаторите да се согласиме заедно да свикаме продолжение на оваа седница, само таа точка да ја гласаме. Ако не успееме да се договориме, тогаш ќе побараме од ДКСК да ја повлече стратегијата и веднаш да ја достави, за да ја ставиме на друга седница, изјави Гаши. Според поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска справувањето со корупцијата треба да биде приоритет, а не да биде обврска што се одложува. Собранието, вели таа, сноси своја одговорност заради тоа што националната стратегија се уште не е усвоена. Евентуалното повлекување на стратегијата од ДКСК за да направи измена, според Ивановска, ќе значи дополнително потрошено време и ресурси. -За жал, од ова непостапување на Собранието и неодговорно однесување на законодавниот дом, можеме да констатираме дека не се покажува доволно свесност за значењето на националната стратегија, ниту пак се почитува законот. Со тоа се ослабува позицијата на ДКСК, бидејќи ДКСК има надлежност да го следи спроведувањето на мерките од националната стратегија, да подготвува годишни извештаи и за тоа истите да ги доставува до Собранието. Анализите покажуваат дека политичката волја е пресудна за постапување на партиите, а политичкото влијание е најсилен генератор на корупцијата, изјави Ивановска за Канал 5. Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2031 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Од Платформата на граѓански организации претходно реагираа дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИтна седница за фемицидите ќе има што ќе стигне барањето од опозицијата, вели ГашиПо повиците за одговорност од мрежата за заштита од дискриминација до претседателот на собранието Африм Гаши, оти три месеци законодавниот дом чека со законските измени за заштита на жените од насилство.По повиците за одговорност од мрежата за заштита од дискриминација до претседателот на собранието Африм Гаши, оти три месеци законодавниот дом чека со законските измени за заштита на жените од насилство, спикерот кажа дека до него не е пристигнато барање за итна седница и дека по добивањето ќе се постапи веднаш. Тој појасни, оти законските – измени се поднесени од група пратеници и согласно процедурите испратени се до Владата за мислење, па ако нема забелешки на истите, итно ќе се најдат пред пратениците. -Мислам дека ова е толку сензитивно прашање и болно прашање што секој од нас, кои сме носители на јавни функции, ама не и само новинари и сите граѓани, мислам дека сакаат тоа што побргу да се донесе и да се намали насилството врз жените и воопшто да го нема ако можеме, но тоа ќе биде борба која ќе треба сите да ја извојуваме заедно,- - Африм Гаши – Претседател на Собрание на РМ. Од Владата посочија дека мислењето треба да помине неколку институции и дека очекуваат во најскоро време истото да биде обезбедено и доставено до Собранието. -Тоа се состојби кои што патуваат од институција до институција, не би импровизирала сега, немам проблем да ги соопштам со јавноста да знаеме кога е испратено, кои се причините и зошто, се надевам дека повеќе мислења се потребни да се инкорпорираат во едно за да биде доставено до собранието. Заложбата на Владата е јасна во однос на немањето никаква толеранција по однос на насилството врз жените,- - Марија Митева – Портпарол на Влада. По барањата за институционална одговорност и навремена заштита на жртвите од протестите и оние за оставка од опозициската СДСМ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека за разлика од претходните власти од кои не се барала одговорност и кои имале по седум фемициди годишно, сега се преземаат дејствија. Вели, има 163 притвори, во однос на 44те лани, донесени законски измени, и други кои допрва ќе се донесат. -Претпоставувам и четврти пат ќе има барање за интерпелација во период од две години за министерот внатрешни работи, но не се сеќавам дека некој го повикал од оние кои што сега од петни жили се обидуваат да ја префрлат вината на министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, во 2022 година, кога исто сме имале фемициди, истите кои што сега се најгласни да побарале оставка од тогашниот министер. Се обидуваат да го лажат и македонскиот народ дека ова кое што го прават и ова кое денес е за нив најголем приоритет било и во 2022 и во 2018, ама тие кога биле на власт тогаш не било,- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Невладините организација, во рамките на 16 дена активизам против родово базирано насилство, најавија дека ќе ги повикуваат сите носители на јавни функции да дејствуваат и дека на 10ти декември, очекуваат истите да ја информираат јавноста што исполниле од барањата кои ги преставија деновиве. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter