Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО) - Канал 5

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле  речиси целиот златен накит.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините.

За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат.

Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери.

За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Борбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови.

Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување.

Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии.

Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Минатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки.

Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек.

YouTube video

Желки завиткани во селотејп

Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер