Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
СветОливер Ропке за ЕНР: Дезинформациите се опасни по демократија и довербата во институциите Тој вели дека иницијативата „Граѓаните можат да ги победат дезинформациите“ започнала во Молдавија и Бугарија, но наскоро ќе се прошири и во други држави, почнувајќи од Португалија. Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ) започна иницијатива насловена „Граѓаните можат да ги победат дезинформациите“, во чии рамки заедно со граѓанските организации, социјалните партнери и новинарите работи на зајакнување на општествата во земјите членки и во државите кандидатки за членство во ЕУ, кои се силно погодени од дезинформации, најави претседателот на ЕЕСЦ, Оливер Ропке во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. - Кога станува збор за дезинформациите, имаме два големи играчи кои се подеднакво опасни за довербата во институциите и во демократијата. Тоа се актери спонзорирани од странски држави. Знаеме дека тие на координиран начин шират дезинформации и погрешни информации во нашите земји, во Европската Унија, но тие често работат рака под рака со домашните актери. Затоа мислам дека и двата се штетни за нашата демократија и ја еродираат довербата во нашите демократски институции, истакна Ропке. Во стратегиите на овие актери, според него, може да се види дека ширењето на дезинформации често е комбинирано со напади врз сексуалните малцинства, припадниците на ромската заедница или врз жените, кога станува збор за родови прашања. - Можеме да видиме дека овој вид дезинформации се повеќе и повеќе се комбинира со кампањи, дури и кампањи на клевети против малцинствата, а особено кога станува збор за жените. Ние мора да се бориме против ова. Затоа, ние како ЕЕСЦ, предлагаме многу иницијативи заедно со институциите за борба против овој вид дезинформации, нагласи Ропке. Тој додава дека иницијативата „Граѓаните можат да ги победат дезинформациите“ започнала во Молдавија и Бугарија, но наскоро ќе се прошири и во други држави, почнувајќи од Португалија. - Мислам дека во овие времиња, во овие проблематични времиња, поважно од кога било досега е да застанеме зад нашите демократски вредности и да ги поддржиме демократските вредности за кои се залагаме, потенцира првиот човек на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ). Според Ропке, големите технолошки компании, а пред се онлајн платформите, може да играат клучна улога во борба против дезинформациите и лагите и треба да се обезбеди тие да бидат бранители на нашите демократии и на нашите демократски вредности. Тој додава дека за ограничување на дезинформациите потребна е правна регулаторна рамка, како што е Законот за дигитални услуги на ЕУ, за кои некои структури тврдат дека ја ограничува слободата на изразување. - Мислам дека не станува збор за цензура на мислењата. Напротив, станува збор за обезбедување слободна дебата, слободна дебата заснована на факти и на добро информирани актери. Станува збор за почитување на правилата. Актер кој не ги почитува правилата и не го почитува Законот за дигитални услуги мора да биде санкциониран, смета Ропке. Тој оценува дека во тој правец е и Законот за вештачка интелигенција, кој го поддржува воведувањето на сите нови технологии, но во исто време инсистира на целосно почитување на етичките правила и на демократските вредности. Според него, првите искуства со вештачката интелигенција покажуваат дека таа може да биде моќна алатка во борбата против дезинформациите, но во исто време и да претставува закана за креирање на лажни информации. - Затоа мислам дека мора да создадеме регулаторен амбиент, кој е технолошки отворен и пријателски, но во исто време мора и да инсистира на одредени правила, вели Ропке. Тој додава дека воведувањето на вештачката интелигенција во бизнис секторот може да помогне за олеснување и подобрување на работата на вработените, но при тоа мора да се обезбеди и заштита на работниците. Од тој аспект, според Ропке, клучно е прашањето за недостигот на квалификувана работна сила во многу земји, па затоа мора да се оспособат и преквалификуваат работниците за да можат целосно да ја користат вештачката интелигенција. Ропке смета дека ако сакаме да ја користиме вештачка интелигенција и во компаниите и ако сакаме да се осигураме дека работниците ќе ја поддржат нејзината употреба, клучно е да се создаде доверба. - Мислам дека ова е најдобриот начин. Ни треба доверба. Најважниот принцип е принципот „човек зад командната табла“. Значи, сите одлуки што влијаат врз луѓето, врз граѓаните, на крајот мора да ги донесат луѓето, заклучува Ропке во интервјуто за ЕНР. Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ) е консултативно тело на Европската Унија основано во 1958 година, кое е составено од претставници на здруженијата на работодавачите, на синдикатите и на граѓанските организации. Целта на Комитетот е да ги обедини различните интересни групи и да овозможи нивните ставови да бидат слушнати од Европската комисија, Советот на ЕУ и Европскиот парламент. /MИАТагови: Оливер Ропке Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39