ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
1ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
Веб ТВ50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто. „Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сѐ повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП. ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување. Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје 50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. Иако цените на цигарите растеле, платите растеле побрзо, па цигарите станале 17,3% подостапни во однос на просечната плат. 62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња, а кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот.денеска за ова сериозна тема зборуваа претставници од здравството, царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумувањеГолем број волонтери - членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“, Светиниколско. Пошумувањето е дел од проектот „Зелена трансформација преку пошумување, зелени работни места и младинска инклузија“, што го спроведува ИСОС, со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“. Во текот на оваа акција за пошумување беа засадени над 4.000 дрвца, како придонес на сметководствената заедница кон обновувањето на зелените површини на претходно опожарениот предел во Светиниколско. Пред почетокот на садењето, учесниците во акцијата добија практични насоки од вработени во ЈП „Национални шуми“, за правилно засадување на садниците и за безбедност при работа. Потоа, распределени во групи и со стручна поддршка, се вклучија во пошумувањето на локацијата. Акцијата се реализираше во соработка со Сојузот на извидници на Македонија – „Боренка“ и Македонската развојна фондација за претпријатија, a во садењето се приклучија и дваесетина студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. „Како сметководители, но и како главни имплементатори на ESG стандардите, секојдневно ја нагласуваме важноста на одговорното управување со ресурсите. Таа одговорност ја имаме и кон природата. Со оваа акција сакаме да придонесеме за обновување на зелените површини и подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливоста, а истовремено и да ги поттикнеме колегите да размислуваат за своите секојдневни навики, за намалувањето на потрошувачката на хартија и за примената на одржливи практики во својата работа. Благодарна сум на сите членови на Институтот и партнерите што се вклучија во пошумувањето“, изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС. Акцијата е дел од пошироката цел на проектот на ИСОС за пошумување на деградирани и опожарени површини, развој на зелени вештини и активно вклучување на младите во заштитата на животната средина. Проектот ќе се реализира до февруари 2027 година, а покрај пошумувањето, предвидува и обука за сметководители за еколошките, социјалните и управувачките аспекти на работењето (ESG), како и обука за студенти по сметководство за зелени вештини, циркуларна економија и можности за зелени работни места. Проектот „Зелена младина, зелен раст“, преку кој е обезбедена поддршката за реализација на оваа акција, е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија, Junior Achievement („Џуниор Ачивмент“) и Центарот за едукација и претприемништво „Можности“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter