Од 1 јануари 2019 година нема да се плаќа партиципација за болничко лекување

Преку укинувањето на партиципацијата и онака долгите листи на чекање ќе станат уште понедостапни за пациентите.

Стимулирање на приватниот здравствен сектор за голема заработка, ќе предизвика владината мерка за бесплатно болничко лекување во државното здравство, предупредуваат од Хелтгрупер, организација која ги истражува состојбите во здравството во Југоисточна Европа.

Преку укинувањето на партиципацијата и онака долгите листи на чекање ќе станат уште понедостапни за пациентите. Вака ќе се зголемат листите на чекање во државните болници, а пациентите ќе мора за подобро здравје да повторно да платат поскапо, но во приватните болници. Приватните болници ќе профитираат од предложената мерка. Ова значи дека, зголемената побарувачка на услуги ќе отвори нови пазарни можности за приватниот сектор да ги зголеми цените на услугите кои ги нуди.

Реакцијата доаѓа по изјавата на премиерот Зоран Заев за укинување на болничката партиципација и ќе стартува од 1 јануари 2019 година, а буџетот за бесплатното за оваа намена ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

Денеска и од министерството за здравство во писмено соопштение до медиумите објаснуваат дека нема да има никакви последици во лисите на чекање, а истовремено ќе значи и реформирање на работата на фондот за здравство.

-Партиципацијата се користи како контролен механизам за да не се прават непотребни интервенции, но кај нас е премала за да биде контролен механизам. Максимално е 6 илјади денари, а потоа според примањата, со потврда од ФЗОМ, пациентот е ослободен од партиципација. Со тоа, оваа мерка не е вистински контролен механизам.

Максимално е 6 илјади денари, а потоа според примањата, со потврда од ФЗОМ, пациентот е ослободен од партиципација. Со тоа, оваа мерка не е вистински контролен механизам.

Од Хелтгрупер велат дека не требаат популистички мерки во здравството, туку здравствени политики со добро испитан терен.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер