СветДесетици илјади на „Парадата на гордоста“ во Будимпешта, и покрај забраната од властите (ВИДЕО)И покрај забраната од владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе почнаа да се собираат денес во унгарскиот главен град, Будимпешта, за Парадата на гордоста.Како што објавија странските медиуми, организаторите очекуваат рекордна посетеност на 30-тото издание на Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај полициската забрана што ја наметна националистичката влада на премиерот Виктор Орбан, пренесе Индекс. Владејачката коалиција на Орбан ги измени законите и уставот оваа година за да ја забрани годишната прослава, оправдувајќи го долгогодишното ограничување на правата на ЛГБТК заедницата со наводна „заштита на децата“. Орбан вчера изјави дека полицијата нема да ја „растури“ Парадата на гордоста, но дека оние што учествуваат треба да бидат свесни за „правните последици“. Затворска казна за организаторите, казна од 500 евра за учесниците Организаторите на поворката ризикуваат до една година затвор, а учесниците можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Најновите законски измени, исто така, им овластуваат на властите да користат технологија за препознавање лица за да ги идентификуваат учесниците. Нови камери се инсталирани на столбови по планираната рута на поворката. И покрај ризикот од казни, се очекува повеќе од 35.000 луѓе да се соберат во близина на Градското собрание на Будимпешта за поворката, која започнува во 15:00 часот (13:00 часот по Гринич). „Слободата и љубовта не можат да бидат забранети“, пишуваше на еден голем постер во близина на градското собрание. Се очекува министри од неколку земји од ЕУ и десетици европски претставници да присуствуваат на поворката и покрај забраната. Порано оваа недела, шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, ги повика унгарските власти да ја укинат забраната. Триесет и три земји, вклучувајќи ги и повеќето земји од ЕУ, исто така, издадоа соопштение во поддршка на маршот. Построги мерки против владата на Орбан На денешната прес-конференција, неколку француски европратеници ја повикаа ЕУ да преземе построги мерки против владата на Орбан поради нејзиното ограничување на граѓанските права и други прашања поврзани со владеењето на правото. Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони, инсистираше дека ниту еден учесник не може да се соочи со одмазда бидејќи поворката е општински настан за кој не е потребно одобрение од полицијата. „Полицијата има само една задача... и тоа е сериозна: да ја обезбеди безбедноста на унгарските и европските граѓани кои учествуваат на настанот“, рече Карачони за време на вчерашниот брифинг со комесарката на ЕУ за еднаквост Хаџа Лахбиб. Thousands of people are marching for pride in Budapest. A 200 pp @Amnesty delegation is here from around Europe. Against repression we stand and rise. We resist. This is trans-national civil disobedience. #BudapestPride pic.twitter.com/8qSYr1K0rC — Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 28, 2025 Во меѓувреме, десничарските групи најавија повеќе контрапротести по планираната рута на поворката, поставувајќи дрвен крст украсен со протестни пораки. Жената, која го кажа само своето име, Каталин, изјави за АФП дека се согласува со забраната, иако се надева дека нема да има конфликт. „Одвратно... стана модерно да се покажува“, рече таа. Министерот за правда Бенс Тусон испрати писмо до амбасадите на ЕУ оваа недела предупредувајќи ги дипломатите и персоналот да не присуствуваат поради забраната на полицијата. Неколку земји од ЕУ ги информираа своите граѓани за можноста за казни преку патни совети. Откако Орбан се врати на власт во 2010 година, земјата со 9,6 милиони луѓе постепено ги укина ЛГБТК правата. Но, ова е првиот потег за забрана на Прајдот, бидејќи Орбан вели дека бил охрабрен од притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп. „Орбан користи докажан рецепт пред изборите следната година, создавајќи конфликт“, изјави за АФП политичкиот аналитичар Даниел Микец, додавајќи дека Орбан го „поларизира општеството“.Тагови: будимпешта парадата на гордоста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Копанчиња со компириВо понеделник (16.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Никола Станишиќ.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. копанчиња 4 компири 2 моркова 1 главица кромид масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
КултураРоденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда ЛојдМакедонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето. Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд. Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, оп. 30. Во 2026 година, Матилда Лојд стана првата трубачка која ја добила наградата за млад уметник на Кралското филхармониско друштво (Royal Philharmonic Society Young Artist Award). Признанието ѝ беше доделено за нејзината блескава музикалност, позитивната енергија што ја зрачи во сè што работи, како и за нејзината посветеност да ги инспирира младите да се занимаваат со музика. Списанието BBC Music Magazine ја опиша како „трубачка од исклучителен формат“. Со своето впечатливо присуство на современата класична музичка сцена, таа ја освојуваја публиката со беспрекорниот тон и виртуозното владеење со трубата, а истовремено придонесува и во создавањето на новите генерации класични музичари преку својата педагошка дејност како професорка по труба во Лондон. Сезоната 2026/27 за Матилда го носи нејзиниот деби-настап во Канада, каде што ќе го изведе Концертот за труба од Џон Вилијамс со Оркестарот „Метрополитен“ и диригентката Стефани Чајлдрес во Монтреал. Следуваат и концертни настапи со Симфонискиот оркестар на Лахти и диригентката Барбара Драган во Финска, со Симфонискиот оркестар на градот Бирмингем под диригентство на Казуки Јамада, како и со оркестрите Hallé и Royal Northern Sinfonia во Обединетото Кралство, под диригентство на Кристијан Салинен. Во октомври Матилда подготвува динамична програма што се протега од Хиндемит до Гершвин, која ќе ја изведе со ансамблот Ensemble 360 во рамките на концертната серија Music in the Round во Шефилд. Во пролетта следува турнеја низ Италија и Холандија со барокна програма, заедно со ансамблот Concerto di Cavalieri. Нејзините камерни музички соработки повторно ќе ја одведат во Вигмор Хол во Лондон и во Бриџвотер Хол во Манчестер, каде што ќе настапи со квартетот Goldmund. Во мај 2027 година Матилда ќе реализира турнеја во Холандија со ансамблот The Gesualdo Six. На програмата ќе биде музика од нивниот албум „Radiant Dawn“, објавен за издавачката куќа Hyperion во август 2025 година, кој во критиката на BBC Music Magazine беше оценет со пет ѕвезди и опишан како „инвентивен“. Во 2027 година Матилда ќе го има и својот деби-настап на фестивалот Kissinger Sommer, откако во 2026 година за првпат настапи на фестивалите Schleswig-Holstein, Zagreb Classic и Bregenz Summer Festival. Меѓу значајните моменти од сезоната 2025/26 се издвојува и нејзината прва турнеја во Азија, со настапи со Корејскиот национален симфониски оркестар под диригентство на Лоренс Ренес, како и изведбите на Концертот за труба „night-sky-blue“ од Хелен Грајм на фестивалот Gaida во Вилнус и со Националниот оркестар на Би-би-си на Велс. Во мај 2027 година Chandos Records ќе го објави нејзиниот следен проект – снимка на Концертот бр. 1 за пијано, труба и гудачки инструменти од Дмитриј Шостакович, со пијанистот Федерико Коли, диригентот Дима Слободениук и Бергенската филхармонија. Нејзината високо ценета дискографија за Chandos ја одразува нејзината смела уметничка визија и широкиот репертоарски опсег. Меѓу изданијата се издвојува нејзината „впечатлива нова интерпретација“ на Концертот за труба од Мечислав Вајнберг, објавена на албумот „Resonance“ со Лондонскиот симфониски оркестар во 2024 година, за која Gramophone Magazine даде особено позитивна оценка. На албумот „Casta Diva“, снимен со Britten Sinfonia во 2023 година, Матилда интерпретира италијански оперски арии. Нејзиното издание „Fantasia“ за труба и орган, објавено во септември 2025 година, ги поврзува новите транскрипции на барокна музика од Бах, Кребс и Мартини со четири нови дела нарачани од водечки британски композитори. Посветеноста на Матилда кон современата музика се огледа и во создавањето на нови концерти за труба, меѓу кои „LUCK“ од Робин Хејг, нарачан во рамките на заедничка иницијатива на фестивалот Алдебург и оркестарот Ulster Orchestra во 2024 година. Во моментов се работи и на уште два нови концерта за труба. Матилда е исклучително посветена на развојот и охрабрувањето на новата генерација музичари, како и на создавањето заедница во која музиката се доживува како простор за самоизразување, заедништво и радост. Покрај настапите ширум светот, таа одржува мајсторски курсеви на водечки музички конзерваториуми и универзитети, ги менторира младите британски дувачки музичари преку програмата Future Talent и, како амбасадорка на хуманитарната организација Brass for Africa, ја поддржува употребата на музиката како средство за општествена промена во Кампала, Уганда. Покрај техничката извонредност, Матилда подеднакво внимание посветува на менторството и педагошката работа, особено во своите улоги како професорка по труба на Trinity Laban Conservatoire во Лондон и како раководителка на одделот за труба во програмата OAcademy Global Artist Diploma, наменета за млади професионални музичари во развој. Матилда дипломирала на Trinity College, Кембриџ, и на Кралската академија за музика, а потоа се усовршувала кај Хокан Харденбергер на Академијата за музика во Малме. Во 2014 година ја освоила првата награда во дувачката категорија на натпреварот BBC Young Musician, а две години подоцна го имала својот солистички дебитантски настап на BBC Proms, со диригентот Алпеш Чаухан и Филхармонискиот оркестар на Би-би-си. Матилда е добитничка на повеќе награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и првата награда на Меѓународниот натпревар за труба „Ерик Обије“ во Руан, Франција, во 2017 година. Во сезоната 2024/25, Матилда беше номинирана од Barbican и Konserthuset Stockholm за престижната титула ECHO Rising Star. Во рамките на оваа програма одржа 18 концерти на најзначајните европски концертни сцени, меѓу кои Concertgebouw во Амстердам, Wiener Musikverein во Виена и Elbphilharmonie во Хамбург. Во 2026 година Матилда беше одликувана со титулата Associate of the Royal Academy of Music (ARAM), како признание за нејзиниот значаен придонес кон музичката професија. Денес Матилда живее и работи во Берлин и е Yamaha Artist. Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.Тагови: Македонска филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook