Нова зграда на кардиохирургија „Филип Втори “ е отворена во Скопје - Канал 5

Нова зграда на кардиохирургија „Филип Втори “ е отворена во Скопје

За десетина дена болницата „Филип Втори“ ќе ги отвори вратите за првите пациенти.

Нова зграда на кардиохирургија „Филип Втори “  е  отворена во Скопје
По две години заврши изградбата на новиот објект, кој ќе биде опремен со најсовремена апаратура, т.н. смарт технологија која ќе овозможи попрецизна и побрза дијагноза, но и современи методи на лекување кои досега не им беа достапни на македонските пациенти.

На денешното свечено отворање на болницата, честа да ја пресече лентата му припадна на првиот пациент кој Доктор Митрев го оперирал пред 16 години.

Тимот на Д-р Жан Митрев досега има третирано повеќе од 300 000 пациенти, има направено околу 18 000 кардиоваскуларни операции и 25 000 хируршки операции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health

Најголемата вредност на EU4Health не е само во парите, туку во стандардите, знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заедничките европски здравствени процеси. 

Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме.

Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи добиваат европска рамка и дека Македонија станува дел од најголемата здравствена програма на Европската Унија. Ова е отворање на европска здравствена врата за нашите институции, здравствени установи, академската заедница, професионалните организации и пациентските здруженија. Ако првата година од мандатот беше година на поставување правец, втората ќе биде година на користење на можностите на EU4Health и активно учество во европските здравствени процеси, посочи министерот Алиу.

EU4Health претставува програма со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра за периодот 2021–2027 година, а со пристапувањето, нашата држава добива можност да учествува во повици, грантови, јавни набавки, заеднички акции и европски партнерства.

Најголемата вредност на EU4Health не е само во парите, туку во стандардите, знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заедничките европски здравствени процеси. Оваа програма отвора можности за проекти во дигитално здравство, European Health Data Space, превенција, скрининг, ментално здравје, подготвеност за кризи, пристап до лекови, медицински производи и јакнење на здравствениот кадар. По пристапувањето, нашата задача е да изградиме оперативен капацитет и да подготвиме конкретни проектни апликации, додаде Алиу.

Тој појасни дека пандемијата покажа дека ниту една држава не може сама да се справува со сите здравствени ризици, и токму затоа EU4Health е важен чекор кон здравствена безбедност што не зависи само од домашните капацитети, туку и од европската солидарност, координација и заеднички ресурси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

 Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека Европа мора да продолжи да ја поддржува Украина и да го зголеми притисокот врз Русија, откако нејзината влада ѝ претстави нов пакет санкции на Москва пред самитот на Европската унија.

Мелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија

„Ја поддржуваме одбраната на Украина. Нашата позиција останува непроменета. Поддршката на Киев и одржувањето на притисокот врз Москва останува единствениот начин за започнување преговори, затоа го поддржуваме 21-от пакет европски санкции“, рече Мелони, пренесува АНСА.

Таа додаде дека Европа треба да избере „авторитативна личност“ која ќе учествува во можните идни преговори за прекин на војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече претстојните избори за Државната дума исклучително важни, пренесува РИА Новости.

Путин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“

Путин одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, каде што разговараа за мерките за јавна безбедност во подготовка за Денот на обединувањето на државата.

Путин им посака среќа на кандидатите на изборите во 2026 година. „Парламентарните избори ќе се одржат во септември. Тоа е најважниот внатрешно-политички настан во земјата“, рече Путин.

Путин, исто така, истакна дека безбедноста за време на изборите ќе биде зајакната, објавува Russia Today (RT).

„Изборите ќе се одржат во септември, парламентарни избори, избори за Државната дума. Многу важен настан. Ќе разговараме за дополнителни мерки, мора да ја обезбедиме јавната безбедност“, рече рускиот претседател.

Изборите за Државната Дума се очекува да се одржат на 20 септември. Претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, истакна дека, врз основа на барањата на гласачите, Единствениот ден за гласање во 2026 година би можел да трае три дена. Вкупно, во овој период, ќе се одржат повеќе од 2.200 кампањи на различни нивоа, а се очекува да бидат пополнети 20.700 пратенички места и изборни позиции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер