ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
ФудбалЛампард останува во КовентриМенаџерот на Англија, Френк Лампард, го продолжи договорот со Ковентри до 2029 година, соопшти клубот.Лампард е на чело на Ковентри од ноември 2024 година, а минатата сезона го водеше клубот во Премиер лигата за прв пат по 25 години. „Воодушевен сум што потпишав нов договор, вистинска чест е да го претставувам овој клуб. Уживавме по неверојатниот напор и освојувањето на Чемпионшипот. Сега треба да се одмориме, а потоа добро да се подготвиме за следната сезона каде што ги знаеме целите. Има многу работа на и надвор од теренот. Едвај чекам повторно да ги видам играчите и да работам со нив“, рече Лампард. Ковентри ќе биде домаќин на Арсенал во првото коло од Премиер лигата на 21 август. Извор: Б92Тагови: ЛАМПАРД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата.Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата. Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар. Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции. Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците. Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи. Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината. Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги. Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата. Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните. Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски немаЦените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари. Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите. Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект. На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес... За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите. Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter