Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
1Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
ТенисВавринка: „Не сакам да се пензионирам, но време е да престанам“Легендата на светскиот тенис, Швајцарецот Стен Вавринка емотивно го доживеа својот последен натпревар на Вимблдон. Вавринка загуби од Матео Беретини во првото коло на Вимблдон по четири часа и 15 минути и дури четири тај-брејкови - 6:7(7), 7:6(16), 7:6(7), 7:6(5). „Не сакам да се повлечам, но знам дека е време да престанам. Една од причините зошто продолжив да играм е поради ваквите моменти. Навистина е емотивно, благодарен сум за шансата што ја добив. Тоа што добив посебна покана, имав шанса да играм уште еднаш на овој посебен турнир. Како дете сонувате да имате еден ден тука, имав шанса да играм многу пати. Голема поддршка и тоа многу ми значи, ви благодарам за сите овие години“, рече Вавринка. Потоа се осврна на самиот дуел, како и на неговото збогување со турнирот, кој одбележа голем дел од неговата кариера. Stan Wawrinka says goodbye to Wimbledon and he had everyone including himself in tears 🫶😭 ↳ Wimbledon. Every Match. Live & On Demand. Centre Court in 4K.#StanSportAU #Wimbledon pic.twitter.com/DBl7tnGXi3 — Stan Sport (@StanSportAU) July 1, 2026 „Не ми е прв пат тука, отидов преку граници, одлична борба. Матео е мој добар пријател, одличен човек и заслужуваше да победи. Не е лесно да се збогуваш со нешто што многу го сакаш. Отсекогаш сум имал голема страст за играта, благодарен сум на сите што ми дадоа шанса да играм тука. Не можев да посакам подобро збогување. Ви благодарам за вашата поддршка“, рече Вавринка. За Вавринка ова дефинитовно е последната сезона во професионалниот тенис. Неговиот ривал пак, Матео Беретини по стартниот триумф во второто коло за противник го има 20-тиот носител, Французинот Артур Фиес.Тагови: тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Компир манџаВо понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 4 компири 1 главица кромид 1 морков 4 кисели краставички масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор ГроздановТагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook