Нова тужба за Алек Болдвин: Во сценариото не било предвидено пукање - Канал 5

Нова тужба за Алек Болдвин: Во сценариото не било предвидено пукање

Нова тужба е поднесена вчера од страна на супервизорот за сценарио, Меми Мичел која вели дека, според сценариото на филмот, од Алек Болдвин не било побарано да пука со пиштол во сцената во која ја уби снимателката Халина Хачинс.

Нова тужба за Алек Болдвин:  Во сценариото не било предвидено пукање

Мичел, која повика полиција по трагичниот настан, во тужбата тврди дека Болдвин постапил непромислено додека пукал со пиштол во правец на Хачинс за време на снимањето на Rust и рекол дека ги прекршил или игнорирал другите безбедносни протоколи кога станува збор за муниција и оружје на снимањето. .

Таа објаснува дека самиот Болдвин морал да провери дали има муниција во пиштолот и дека не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот на режисерот дека пиштолот е безбеден за употреба.

„Според наше мислење, г-дин Болдвин реши да игра руски рулет кога пукаше со пиштол без претходна проверка, па дури и оружарот не го стори тоа во негово присуство“, рече адвокатката на Мичел, Глорија Олред, на прес-конференција.

Ниту Болдвин ниту продуцентите на филмот, кои исто така биле именувани во тужбата, сè уште не го коментирале тоа.

Во тужбата се наведува дека сценариото барало три кадри - очите на Болдвин, крвава дамка на неговото рамо и дел од торзото на Болдвин „додека ја става раката на футролата и вади пиштол од неа“, но никаде во сценариото „ не се вели дека Болдвин треба да стрела од пиштол или кој било друг“.

Мичел во тужбата навела и дека во моментот кога Болдвин го спуштил пиштолот, таа била на помалку од 1,2 метри од него.

Во тужбата се наведува дека бил извршен напад на сетот, дека намерно бил предизвикан емоционална вознемиреност и дека намерно била нанесена повреда, се вели во извештајот заснован на копија од судските документи.

Минатата недела, главниот електричар на сетот Серж Светној поднел тужба против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот за несовесно однесување, а властите во Санта Фе сè уште истражуваат и досега немаат поднесено кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер