ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити
2ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елити
Веб ТВНова шема на измами ги демне граѓанитеFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЦената на нафтата продолжува да паѓа Цените на нафтата денеска паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со неговиот ирански колега Масуд Пешмерга за завршување на војната на Блискиот Исток.Цените на нафтата денеска паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со неговиот ирански колега Масуд Пешмерга за завршување на војната на Блискиот Исток, додека Меѓународната агенција за енергетика предупреди на презаситеност на понудата следната година. Порталот „Trading Economics“ објави дека суровата нафта сега е 74,56 долари за барел, суровата нафта „Brent“ 77,64 долари за барел, а природниот гас 3,13 долари. Фјучерсите за август паднаа за 1,13 проценти на 78,65 долари за барел, додека фјучерсите за сурова нафта „West Texas Intermediate“ за јули паднаа за 1,26 проценти на 75,82 долари за барел, објави CNBC. Според најновиот месечен извештај за пазарот на нафта, се очекува глобалната понуда да се намали во просек за 3,9 милиони барели дневно во 2026 година на 102,4 мб/д, пред да се опорави на 110,3 мб/д следната година. „Нашиот прв поглед кон 2027 година покажува значителен суфицит што се појавува следната година“, додаде ИЕА. Во извештајот на „Њујорк лајф инвестмент менаџмент“, исто така, се вели дека нафтата е сè уште над нивоата пред конфликтот, дека нормализацијата на превозот ќе потрае и дека залихите и стратешките резерви сè уште треба да се надополнуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ заедно со народот го прослави роденденот, додека СДС во затворен тесен круг со умислени елитиРазликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна.ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележи 36-от роденден на партијата, која се бореше и донесе независност на татковината, направи многу проекти чиј бенефит го чувствуваат граѓаните и ја претставува државата исправено, гордо и достоинствено пред светот. Од друга страна ја имаме партијата СДС, која е на маргините поради нивните лоши политики и односот кон граѓаните. Тие својот роденден го прославија во затворено во дворот на Бихаќка каде заедно со умислените елити на партијата, громогласно го поздравуваа аболицираниот криминалец Заев и неговиот потрчко Филипче. И сфаќаме дека се плашат и нема ниту збор од СДС за она што се актуелни теми. Уплашени и кукавички се кријат зад соопштенија додека Филипче шета низ светот. Тоа е евидентната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние сме заедно со народот, а тие бегаат од него, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Шоу бизКетрин Зета Џонс на гости кај Вучиќ- ѝ подари цвеќе и позираше со неа (ВИДЕО)Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше домаќин на една од најпознатите холивудски актерки, Кетрин Зета-Џонс.Во таа пригода, тој истакна дека е особено задоволен што Србија и Белград стануваат се попрепознатливи на мапата на светската филмска индустрија. Вучиќ ја гледа Србија како филмска дестинација „Ми беше големо задоволство да бидам домаќин на една од најголемите холивудски ѕвезди, актерка која дел од славата ја презеде од познатиот Зоро“, рече Вучиќ. Тој оцени дека сè поголем број продуценти, режисери и актери го препознаваат потенцијалот што Србија го нуди на филмската индустрија. „Сè повеќе продуценти, режисери и актери откриваат она што го знаеме долго време - дека нашата земја нуди врвни локации, талентирани луѓе и гостопримство што ќе се памети долго време“, рече претседателот. Со допир на хумор, Вучиќ додаде дека Белград наскоро би можел да стане место каде што средбите со холивудските ѕвезди ќе бидат речиси секојдневни. „Ако денот по утрото се познава, наскоро ќе биде подеднакво веројатно да сретнете холивудска ѕвезда во Белград како и сосед од соседството“, заклучи тој. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тагови: Александар Вучиќ Кетрин Зета Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter