Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
1Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“
2ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу
2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
СудбинаКрокодил го држел еден час во вилиците пред шокираните посетители во зоолошка, не можел ниту да вреска (ВИДЕО)Вработен во зоолошка градина почина откако беше брутално нападнат од крокодил пред десетици посетители, кои беспомошно гледаа повеќе од еден час како животното му ги држи нозете во вилиците.Нападот се случил вчера во Паркот за авантури во Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја, додека работникот го хранел крокодилот, објави Дејли Меил. Човекот бил во ограден простор кога крокодилот нападнал и го влечел во водата. Драматичното видео кое стана вирално на социјалните мрежи го покажува работникот делумно потопен во базенот додека крокодилот ги држи нозете во вилиците. Група преплашени посетители се собрале околу него. Еден од нив влечел долг столб низ оградата за да може работникот да се фати за него и да го спречи крокодилот да го влече понатаму во водата. Очевидецот Гибсон Џон изјавил за австралискиот ABC дека сè започнало кога работникот донел кокошка за да го нахрани крокодилот. Потоа животното го нападнало и се обидело да го одвлече во базенот. Џон повикал брза помош, но ситуацијата била исклучително тешка бидејќи присутните не можеле да му се приближат на човекот без самите да станат жртви на крокодилот. Според него, обезбедувањето немало огнено оружје, па на работникот му била дадена мала метална шипка со која се обидел да се одбрани додека чекале полиција и брза помош. Според сведочењето на Џон, крокодилот ги држел нозете на несреќниот човек во вилиците повеќе од еден час. Работникот имал толку силни болки што, според очевидци, не можел ниту да вреска. Едвај можел да зборува. „Не направив ништо лошо“, биле единствените зборови што Џон успеал јасно да ги чуе од него за време на неговата агонија. Потоа посетителите биле отстранети од зоолошката, а полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот. Полицајците го застрелале крокодилот за конечно да го ослободат работникот од вилиците. Според очевидци, човекот ја изгубил едната нога во нападот. Тој бил итно префрлен во Општата болница „3 Мајл“, каде што лекарите се обиделе да му го спасат животот. И покрај нивните напори, работникот им подлегнал на повредите околу 7 часот наутро во неделата. Неговиот идентитет сè уште не е објавен. Се верува дека работел во Паркот за авантури околу две години. Паркот е затворен до понатамошно известување по трагедијата, додека вработените се подготвуваат за погребот на нивниот колега. Адвенчр Парк редовно организира хранење на крокодили пред посетителите, а претходните снимки и фотографии од социјалните медиуми покажаа вработени во близок контакт со животните. Сè уште не е познато дали трагедијата ќе доведе до истрага за безбедносните процедури на паркот.Тагови: зоолошката крокодил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“. Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства. Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација. Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин. Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот. Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар. Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на МуслиуСлучајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси. Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција? Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција? Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи. Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење. Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата. Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи. Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАГолден Стејт подготвува максимален договор за Никола ЈокиќПоранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер. „Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер. Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди. „Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика. „Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter