МакедонијаПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникарПолицијата привела возач вработен во владината Служба за општи и заеднички работи заради примање на мито, по пријава од граѓанин.Возач на висок владин функционер вработен во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) е приведен за земање мито. Барал 1.500 евра за да посредува за вработување на пожарникар во Град Скопје, соопштија од МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од Владата потврдија дека лицето Д.Ц. во моментот на незаконското делување работело како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако медиумите претходно објавија дека станува збор за возачот на владиниот ген-сек Игор Јанушев. Оттаму додаваат дека целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Полицијата и ОЈОГОКК постапувале по пријава од граѓанин за случајот, а осомничениот бил приведен во моментот кога ги примал претходно обележаните пари. Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците во постапката и ризик од повторување на кривичното дело, по предлог на јавен обвинител судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија од ОЈОГОКК. -Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари. По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, велат од ОЈОГОКК. Од МВР соопштија дека Единицата за корупција при министерството во координација со надлежен јавен обвинител постапувале по првичната пријава за незаконскиот поткуп. -Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц. вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство поднесена е соодветна пријава, велат од МВР. Апсењето за мито беше повод и за партиски препукувања меѓу власта и опозицијата. Од СДСМ велат дека случајот како што тврдат, покажал дека „сите земаат мито, дури и возачите на Владата“. -Можеби дел од полицијата си ја врши својата работа, меѓутоа, како и во досегашните случаи, досега никој не одговара. Баш да видиме дали во овој случај ќе одговара возачот или само со еден телефонски повик ќе му биде завршена работа и да видиме да се истражи целата процедура, да видиме дали овој човек е само продолжена рака на Игор Јанушев, велат од СДСМ. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. -Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер, а во нивно време немаше ништо од ова да се знае, никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС, велат од владејачката партија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПознат е идентитетот на младиот човек, кој се запали во центарот на Варшава Украинецот кој се самозапали вчера пред Претседателската палата во Варшава побара на украинските граѓани во Полска да им се гарантираат истите права како и на полските граѓани.Станува збор за 22-годишен украински државјанин, Едвард, студент на Варшавскиот технички универзитет, пишува Украинска правда. Тој пристигнал пред Претседателската палата со ранец во кој имало запалива течност и неговите документи. Со овој чин, тој сакал да побара украинските граѓани во Полска да имаат ист третман како и Полјаците. Првите информации велат дека носел транспарент или хартија на која веројатно ги објаснил причините за својот протест, но точната содржина на пораката сè уште не е позната. Состојба на повредениот Младиот човек претрпел тешки изгореници на лицето, вратот, рацете и торзото, а облеката му била целосно изгорена. Бил свесен кога пристигнала брзата помош. Бил пренесен во болницата на улицата Сасеров во Варшава, во Воено-медицинскиот институт. Портпаролот на Институтот, Мариуш Ѓереј, утрово потврди за весникот „Факт“ дека младиот човек е жив. Украинското Министерство за надворешни работи објави дека жртвата најверојатно е украински државјанин и дека полските власти спроведуваат конечна постапка за потврдување на идентитетот.Тагови: Варшава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ФудбалСе снима филм за животот на Зинедин Зидан Снимањето на биографскиот филм за поранешниот француски фудбалер и актуелен селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, под работен наслов „Un Destin“ (Судбина), треба да започне во јануари 2027 година во Марсеј и неговата околина.Филмот ќе го следи животот и кариерата на еден од најпознатите светски фудбалери, од неговото детство во областа Кастелане во Марсеј, освојувајќи ја Златната топка и титулата светски шампион во 1998 година, сè до неговиот успех со Реал Мадрид. Филмот ќе ги опфати и настаните од Светското првенство во 2006 година, вклучувајќи го и неславниот инцидент во финалето кога Зидан со глава го удри италијанскиот играч Марко Матераци. Аудициите се во тек Според француските медиуми, аудициите веќе се во тек, продукцијата бара актери за улогите на членовите на семејството со потекло од Кабиле, домородните северноафрикански бербери, млади фудбалери и истакнати личности од светот на францускиот фудбал, меѓу кои Бернар Тапи, Аме Жаке, Биксенте Лизаразу и Кристоф Дугари. Режисер на филмот се очекува да биде Али Бугераба, 50-годишен режисер со алжирско потекло, кој во младоста тренирал во младинската академија на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј. Зидан (54) неодамна започна нова фаза од кариерата како селектор на француската репрезентација, а следните натпревари на неговиот тим се закажани за март, кога на 25 и 28 март во четврт-финалето на Лигата на нации ќе ги одмерат силите со актуелниот светски првак, Шпанците.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЗабаваЕмили Ратајковски провоцира во чипкасто боди со деколте до половината (ФОТО)Емили Ратајковски повторно покажа дека не се плаши од впечатливи модни комбинации. Моделот сподели серија фотографии од вечерно излегување во Њујорк на Инстаграм, а со нив накратко изјави дека сака да го врати Тамблер. Нејзиниот аутфит навистина има малку носталгична естетика популарна на таа платформа, со допир на смелост и малку алтернативен гламур. Чипканото боди во преден план Црното чипкано боди со особено длабоко деколте кое достигнува речиси до половината привлече најголемо внимание. Проѕирната чипка, тенки ремени и многу отворено деколте го прават едно од оние парчиња што не остануваат незабележани. Исто така е многу отворено на задниот дел, со тенки ремени и детали од чипка кои дополнително ја нагласуваат неговата сензуална естетика. Со него, таа носеше впечатлива кожна здолниште во жолто-зелена нијанса, миди крој и со висок шлиц напред. Комбинацијата ја надополни со кратка јакна и високи чизми во темноцрвена, односно бордо нијанса. Посебен детаљ беше мала чанта со дезен од кравји дезени, која ја носеше преку рамо. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) Целиот аутфит изгледа како комбинација од естетика од почетокот на 2000-тите и смела вечерна облека, и токму оваа комбинација од парчиња и детали ја одбележа модната сцена од ерата на Tumblr. Се чини дека Емили решила со својот аутфит да ја покаже својата желба да се врати на таа естетика.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook