Мајка од пеколот: Кори Волш си го обесила двегодишниот син- тврди дека бил „антихрист“ - Канал 5

Мајка од пеколот: Кори Волш си го обесила двегодишниот син- тврди дека бил „антихрист“

Мајка од Илиноис наводно го обесила својот 2-годишен син, кого го опишала како „антихрист“ - само неколку часа откако разговарала со пријателите за случајот Линдзи Кленси, соопштија властите.

Мајка од пеколот: Кори Волш си го обесила двегодишниот син- тврди дека бил „антихрист“

38-годишната Кори Волш се соочува со обвиненија за убиство откако една од нејзините соседки го пронашла нејзиниот син, Барет, како виси на греда во семејниот подрум, објави Њујорк Пост.

Волш наводно им рекла на истражителите дека го убила својот син бидејќи тој бил „антихрист“ и „ѓавол“, велат обвинителите.

Малиот Барет бил пронајден со нозете наопаку и со завој околу вратот.

Сосетка им кажала на службите за итни случаи дека Барет немал пулс додека вршела кардиопулмонална реанимација.

Екипите за итни случаи го прогласиле момчето за мртво на местото на настанот, а обдукцијата подоцна потврдила дека починал од задушување.

Волш наводно бил пронајден како лежи во када, целосно облечена и покриена со крвава вода.

Мајката била хоспитализирана откако полицијата утврдила дека се обидела да се самоповреди, според судскиот поднесок прегледан од FOX 32. Нејзините повреди не се сметале за опасни по живот.

Три други деца биле пронајдени неповредени во домот.

Обвинителите велат дека Волш била опседната со судењето на Линдзи Кленси и им пишувала пораки на пријателите за случајот во вторник во 00:30 часот, само три часа пред Барет да биде пронајден мртов.

Кленси е мајка и медицинска сестра од Масачусетс која користела ленти за вежбање за да ги задави своите три деца до смрт пред да се обиде да се самоубие. Таа тврди дека страдала од постпартална психоза и ѝ биле препишани премногу психијатриски лекови.

Во времето на трагичната смрт на Барет, поротата сè уште го разгледувала случајот Линдзи Кленси, изјавиле за FOX 32 паралелни обвинители.

Сопругот на Волш бил надвор од градот во времето на наводното убиство и се вратил дома во вторник навечер.

Волш се соочува со три обвиненија за тешко убиство, според судските документи добиени од The ​​Post.

Додека била во болница, Волш им опишала на истражителите како наводно го убила Барет - кој бил познат и како „Мечка“ - и нејзиниот опис се совпаѓал со доказите пронајдени на местото на настанот, објави FOX 32.

Откако лекарите ќе ја пуштат, таа ќе биде префрлена во притворниот центар во округот Вил за да чека сослушување за притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток

Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово .

Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток

Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово – родители алармираат дека на Тик-Ток се шири предизвик преку кој се објавуваат видеа од тоа како деца од албанска националност малтертираат врсници од македонска и сето тоа се објавува во групи на социјалните мрежи.

Родителите се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба нивните деца да излезат некаде, тие мораат да ги придружуваат. Тоа се случувало најчесто денски, во период на настава...Напаѓачите според сведоштвата биле на 13-14 годинишна возраст, а пресретнувале помали соученици, претежно машки, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

Според експертите со кои разговаравме – меѓуврсничкото насилство е сериозен фемомен особено во меѓуетничка средина, а за да се стави крај на ваквиот тип насилство најзначајна е меѓуинституционалната соработка.

– Насилството коешто го вршат на свои возрасни групи или на поендинци, се со цел, тука настанува најголемиот проблем – да го истакнат на социјалните мрежи и притоа вршат и понижување. Дечињата затоа и не се свесни. Ова што се случува, а се случува периодично – дури и зачестува е многу сериозен општествен проблем, кадешто ние мораме да ги вклучиме сите чинители,- изјави Иван Анастасовски, универзитетски професор.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека Министерството преку кампањи работело на поттикнување на свеста и кај стручните служби во училиштата, но и кај родителите. Сепак, Јаневска посочи дека на крај, одговорност за ваквото однесување мора да има.

– Направени се прирачници, воспоставен е систем на делувањ во случај на врсничко насилие во училиштата, за наставниците, за стручната служба. Секој треба да носи одговорност за секоја акција што ќе ја поведе – и малолетниците без оглед што се малолетници, но и нивните родители треба да имаат одговорност и мора да станат свесни, ова повеќе пати сме го кажале, не моќже грижата да е само на училиштата,- изјави министерка за образование и наука Весна Јаневска.

Од тетовската полиција велат дека годинава пријавни се 12 случаи на меѓуврсничко насилство, од кои 5 се расчистени, а на другите уверуваат дека се работи.. Парични казни се изречени на родителите, а за дле од случаите се води и кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош.

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош, откако средствата од Министерството за социјална политика вчера биле префрлени на сметките во банката. Шесте шалтери работат во две смени, вклучително и утре. Од банката најавуваат дека од следната недела ќе започне шалтерска исплата и во другите градови каде што има најголем број клиенти.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски најави средби со потенцијални купувачи на банката, заедно со гувернерот Славески и министерката за финансии Кочоска. Тој повторно уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат обештетени до последниот денар. Според него посериозен проблем е нарушената трговска соработка со Србија, бидејќи македонски компании веќе се соочуваале со проблеми со српските партнери чии сметки се блокирани во затворената банка во Србија.

-Народната банка и Владата имаат свои инструменти и со помош на тие инструменти целосно ја контролираме состојбата, така што тука нема апсолутно простор за грижа. Целта е да се спаси, бидејќи навистина станува збор за здрава финансиска институција,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од СДСМ повторно обвинија дека Владата на седница во септември минатата година донела заклучоци поврзани со понудата на АЛТА банка за преземање акции од 16 јавни институции, со што според нив, му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции. Мицкоски уште вчера ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека државните претпријатија имале удел од околу два до три проценти, за кои Владата по локалните избори лани им препорачала да ги понудат акциите на новиот сосптвеник, доколку е заинтересиран.

-Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот,- Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

-Откако ја добивме информацијата дека акционерите ги продале своите акции на новиот сопственик и дека тие акции се повеќе од 80,90% немаше повеќе смисла ние да остануваме сопственици во новото друштво со 2,3% и веднаш по завршувањето на локалните избори во 2025 донесовме на Влада одлука со која што им препорачавме на прептријатијата да ги понудат тие акции доколку е заинтересиран сопственикот да ги купи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во меѓувреме, тече рокот од 21 ден за тројцата привремени администратори, кои откако на 1 ноември го презедоа управувањето со банката, треба да ја утврдат нејзината состојба, а потоа да достават извештај до Народната банка. По ова, како што кажа Мицкоски вчера, има две опции – или да се најде нов сопственик или банката да оди во стечај, но и во двата слуѕачи уверува дека нема да има оштетени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов – нема ниту градежен инспектор да ги изброи!

Во општината во која се гради на секој чекор, нема градежен инспектор!

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов – нема ниту градежен инспектор да ги изброи!

Кој ја контролира изградбата и кој гарантира дека се почитуваат законите?

Општина Центар, која сака да се претставува како „перјаница на општините во Македонија“, по 50 години постоење сè уште се соочува со основни институционални слабости.

На едноставно советничко прашање – „Колку активни градилишта има на територијата на Општина Центар?“ – општинската администрација нема одговор!

Од Секторот за урбанизам одговорноста ја префрлиле на Градежната инспекција, а од Секторот за инспекциски работи потврдиле дека Општина Центар во моментов нема активен градежен инспектор!

Ова е скандалозно!

Додека во речиси секое маало никнуваат нови згради, општината нема градежен инспектор, а не може да даде ниту основен податок за бројот на активни градилишта.

Се поставуваат сериозни прашања:

Кој ги контролира активните градилишта во Центар?

Кој проверува дали се гради согласно одобрените проекти?

Кој утврдува евентуални неправилности и незаконско градење?

Кој ја презема одговорноста за ваквиот институционален пропуст?

Господине Герасимовски, како зборувате за законитост, ред и успешно управување кога општината со толку интензивна градежна активност нема ниту еден активен градежен инспектор?

Граѓаните на Центар заслужуваат одговори, а не префрлање на одговорноста од еден сектор на друг.

Бараме итно решавање на проблемот со градежната инспекција, јавно објавување на бројот на активни градилишта и јасно образложение кој во моментов го врши инспекцискиот надзор.

Центар не смее да биде општина во која се гради на секој чекор, а нема кој да контролира што и како се гради!

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер