Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за затвореници

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници.

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел ја претставила својата „визија за мировен договор, што се темели на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“, јавија британските медиуми .

Предлогот вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1.000 палестински затвореници. Потоа, тој предвидува ослободување и на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“. И на крајот треба да следи одредување на рокот и датумот за израелско повлекување од Газа, се наведува во предлогот од Хамас.

Оттаму се додава дека бараат и помош и враќање на раселените Палестинци во нивните домови.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека новиот предлог на Хамас „се уште се заснова на нереални барања“.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, пренесено од британските медиуми, се наведува дека за најновите информации околу ова прашање ќе биде информиран и израелскиот воен кабинет.

Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, што се одржаа со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија очекување дека е можен договор.

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, ...

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер.

Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има појава на метеоролошка нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, како што велат од ЦУК, да се пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Зајакнување на слободата на медиумите на новинарите се меѓу приоритетите на црногорската Влада

Зајакнување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на црногорската Влада

ајакнување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на Владата на Црна Гора, изјави црногорскиот министер за надворешни работи Филип Ивановиќ, кој се сретна со претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, пренесува РТЦГ.

Ивановиќ изрази задоволство од успешната соработка меѓу Црна Гора и ОБСЕ, оценувајќи ја како комплементарна на процесот на европски интеграции.

„Со осврт на важноста на медиумските реформи и што поскоро усвојување на три закони за медиуми, министерот потсети дека зајакнувањето на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на 44-та Влада на Црна Гора“, соопшти Министерството за надворешни работи во Подгорица.

Ивановиќ ја истакна важноста на медиумската писменост и довербата во медиумите, посочувајќи ја нераскинливата врска меѓу слободата на медиумите и медиумскиот интегритет.

„За време на состанокот се разговараше и за важноста на слободните и независни медиуми и правото на слободно изразување како основни слободи и чувари на демократските вредности, во контекст на јакнење на владеењето на правото и севкупниот демократски развој“, се наведува во соопштението.

Надал: Постепено се враќам во посакуваната форма

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал полека влегува во форма и се надева дека ќе го достигне врвот до почетокот на Ролан Гарос, кој стартува на крајот на овој месец.

Освојувачот на 22 грен – слем титули рече дека се чувствува подобро откако во последно време го мачеа повредите кои го спречија да биде на вообичаеното ниво.

„Во добар момент сум, дури и ако резултатите не се онакви какви што беа“, изјави Надал во пресрет на учеството на турнирот од серијата Мастерс во Рим.

„Го кревам своето ниво и сакам да продолжам на овој начин“, додаде Надал.

Триесетиседумгодишниот Шпанец, кој најави дека ова ќе биде неговата последна година во тенисот, одигра само девет натпревари оваа година, откако ја пропушти речиси цела 2023 година поради повреда на колкот.

притисни ентер