Наскоро низ Скопје ќе се патува со редовна железничка линија?

На повидок е нов алтернативен градски сообраќај, на шини...

Празните и израснати со трева железнички пруги низ Скопје, се поверојатно е дека ќе се стават во функција на граѓаните, со новиот проект за градски железнички превоз, кој го најавува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Идејата, според него е да се искористи постојната железничка инфраструктура во Скопје и околината за транзит и транспорт на граѓаните. За ова да се реализира, неопходно е да се направи физибилити студија која ќе покаже колкав проток на патници би го користеле овој железнички градски превоз, и кои се станиците кои треба да се обноват.

Поранешниот директор на Македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец ја поздравува оваа идеја, но смета дека треба да се направи детална анализа дали бројот на возила ќе ги задоволи потребите за реализација на градскиот железнички превоз.

-Граѓаните пак не веруваат дека оваа идеја ќе се реализира. Сметат дека нема доволно станици низ населените места,- - Хари Локвенец.

-На овие шини одамна нема поминато воз, но според најавите на новиот министер за транспорт и врски тоа набргу ќе се промени. Со ставање во функција на градскиот железнички превоз, тука ќе поминува градскиот воз кој ќе ги поврзува Ѓорче Петров со Драчево

За оваа идеја министерството не бара соработка со ниту една друга институција ниту со Градот.

Четиринаесет загинати при уривање на трикатна зграда во Египет

 Четиринаесет лица загинаа при уривање на трикатна зграда во јужниот египетски град Асиут, изјави денеска гувернерот на градот Есам Саад.

Телата се извлечени од под урнатините за време на операциите за пребарување и спасување по уривањето на зградата.

„Шест лица се спасени и префрлени во болница“, рече Саад.

Лошото одржување на старите згради и прекршувањето на градежните прописи често се причина за уривање на станбени згради во Египет.

Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил  спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 14.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево го привеле Н.Н.(37) од Битола, за кого била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.

МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина, сите летови се реализираат по распоред

Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска.

„Ја информираме јавноста дека по заканата за бомба, преземени се сите оперативни и истражни дејствија од страна на надлежните органи кои утврдија дека дојавата за поставената бомба е лажна“, се вели во соопштението на приштинскиот аеродром.

Косовската полиција претходно соопшти дека проверува дојава дека на аеродромот е поставена експлозивна направа.

притисни ентер