Видео: Во езеро во Бразил водата исфрлила мртов монструм!!

Страшна сцена на езеро во Бразил, бизнисмен тргнал на риболов, но налетал на  неверојатна глетка.

Огромна мртва змија е видена како лебди во езерото Порто Национал во Бразил!

Застрашувачката сцена ја снимил бизнисменот Агналд Телес Барбоса, кој потоа видеото го објавил на социјалните мрежи.

- За сите што сакаат да пливаат во езеро - се пошегува бизнисменот кој ја снимал змијата кога одел на риболов.

- Тука има и алигатори. Езерото крие многу животни. Луѓето се доволно храбри да се бањаат. И јас се капам, среде езеро, но се потпирам на среќата - коментира бизнисменот.

Се зголемува бројот на пациенти со рак на кожата

Меланомот или рак на кожа може да биде смртоносен доколку се открие во доцен стадиум. Мелнономот може да се лекува ако се открие навреме, објаснува доктор Зорица Зафировиќ  од Клиниката за дерматовенерологија. 

Причините се многубројни од генетика до надворешни фактори. Една од причините е изложувањето на сонце, а најмногу проблеми имаат оние кои професионално се изложени на сонце. Љубителите на сончањето да бидат внимателни и во најтоплите часови од денот да не се сончаат. Дерматолозите исклучително се против солариум што е исто така фактор за меланом.

Доктор Зафировиќ со препорака редовно да се прават самопрегледи на кожата секоја промена на кожата на боја, израсток, промена на бенка веднаш да се јави на преглед на дерматолошки преглед.

Граѓаните велат дека се штитат од силното сонце, но и дека доколку забележат промени на кожата би заминале на лекар.

Докторите апелираат граѓаните да не се лекуваат сами туку веднаш да дојдат на време бидејќи навременото лекување спречува ширење на болеста.

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин.

Министерот Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон порача дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност, соопштуваат од МО.

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на  безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa.

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на АХВ Оливер Миланов.

Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност –порача новиот директор на АХВ, Миланов.

Агенција за храна и ветеринарство

притисни ентер