Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина, сите летови се реализираат по распоред

Летовите од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина се одвиваат по планираниот редослед откако надлежните служби утврдиле дека заканата за бомба била лажна, соопштено е денеска.

„Ја информираме јавноста дека по заканата за бомба, преземени се сите оперативни и истражни дејствија од страна на надлежните органи кои утврдија дека дојавата за поставената бомба е лажна“, се вели во соопштението на приштинскиот аеродром.

Косовската полиција претходно соопшти дека проверува дојава дека на аеродромот е поставена експлозивна направа.

Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија .

Демократски сојуз најостро ги осудува заканите од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за блокирање на евроинтеграциите на Македонија, заради наводни загрозувања на правата на Бугарите во Макединија или неспроведување на Договорот за добрососедство и Преговарачката рамка.

Бугарите во Македонија ги уживаат сите права како и другите етнички заедници, а Македонците во Бугарија немаат право ни на формирање на здруженија за негување на своите особености (јазични, културни итн).

Во врска со евроинтеграциите, Демократскиот сојуз ги афирмира следните три работи:

Прво, Советот на ЕУ, да донесе заклучок дека Македонскиот јазик ќе биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ.

Второ, Советот на ЕУ да донесе заклучок дека историските, јазичните, образовните и идентитетските прашања не можат да бидат основа за блокада на евоинтеграциите на Македонија.

Трето, да се обезбеди реципроцитет за правата на Македонците во Бугарија и правата на Бугарите во Македонија.

Во оваа насока ЕУ треба да инсистира на спроведување на одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во врска со правото на здружување на Македонците во Бугарија.

Овие ставови се доставени и до Урсула Фон Дер Лајен и ЕУ, а се отворени и пред бројни странски дипломати.

Само со заемен респект и почитување на Копенхашките критериуми можно е да се разрешуваат отворените прашања и Македонија да се движи напред, се наведува во партиското соопштение.

Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети

Во екот на дебатата за тоа дали актуелниот претседател Џо Бајден треба да ја продолжи кампањата за втор мандат, група на гувернери од неговата партија дојдоа на состанок со него во Белата Куќа, во обид да симболизираат единство.

Тврдат дека стојат зад неговата кандидатура која беше доведена во прашање по дебатата со Доналд Трамп. Претходно и самиот Бајден соопшти дека нема намера да се откаже, иако дел од неговите сопартијци, па и некои од реномираните американски медиуми го повикаа да размисли.

-Бевме искрени за тоа загриженоста што ја слушавме од луѓето. И исто така бевме искрени за фактот што додека претседателот континуирано ни велеше и ни покажа дека е целосно вклучен, а ние рековме дека ќе стоиме покрај него,- - Вес Мор – Гувернер на Мериленд.

-Јас сум тука за да ви кажам денеска дека претседателот Џо Бајден е во трката за да победи. И сите ние ја изразивме нашата поддршка бидејќи влогот никогаш не бил поголем,- Кети Хочул – Гувернерка на Њујорк.

-Пат до победата во номеври е приоритет број еден, и тоа е приоритет број еден за претседателот,- - Тим Валц – Гувернер на Минесота.

Потврда дека Бајден останува фокусиран на кампањата дојде и од Белата Куќа. Портпаролката Карин Жан – Пјер која изминатите денови се соочува со бура од новинарски прашања за подготвеноста на Бајден да се кандидира, порача дека неговиот фокус е на на работата која ја врши и на кандидатурата за реизбор. Се останато според неа било лажно.

-Претседателот продолжува понатаму. Продолжува понатаму со тоа да биде претседател, продолжува со неговата кампања. Во фокусот на претседателот е како да продолжи да ја врши таа работа и се друго што слушаме или што се известува е апсолутно лажно,- - Карин Жан – Пјер – Портпаролка на Белата куќа.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео од Трамп кој во приватен разговор одржан на терен за голф, трвди дека Бајден има намера да се повлече од трката, а на негово место да се кандидира потпретседателката Камала Харис.

-Тој ќе се повлече од трката, да го избркав од трката. А тоа значи дека ја имаме Камала (Харис) мислам дека таа ќе биде подобра. Таа е толку лоша, таа е толку патетична. Можете да го замислите тој човек да се справува со Путин, и со претседателот на Кина кој е страшна личност, тој е страшен човек. Кога ќе го видат најверојатно... но, ќе соопштат дека најверојатно се повлекува. Ќе продолжам да ги соборувам,- - Доналд Трамп – Поранешен претседател на САД.

Спроед последната анкета направена од реномираниот Њујорк Тајмс и колеџот Сиена, Трамп има предност од шест проценти пред Бајден. Станува збор за најголемо водство на Трамп во анкета на Тајмс/Сиена од 2015 година.

Се зголемува бројот на пациенти со рак на кожата

Меланомот или рак на кожа може да биде смртоносен доколку се открие во доцен стадиум. Мелнономот може да се лекува ако се открие навреме, објаснува доктор Зорица Зафировиќ  од Клиниката за дерматовенерологија. 

Причините се многубројни од генетика до надворешни фактори. Една од причините е изложувањето на сонце, а најмногу проблеми имаат оние кои професионално се изложени на сонце. Љубителите на сончањето да бидат внимателни и во најтоплите часови од денот да не се сончаат. Дерматолозите исклучително се против солариум што е исто така фактор за меланом.

Доктор Зафировиќ со препорака редовно да се прават самопрегледи на кожата секоја промена на кожата на боја, израсток, промена на бенка веднаш да се јави на преглед на дерматолошки преглед.

Граѓаните велат дека се штитат од силното сонце, но и дека доколку забележат промени на кожата би заминале на лекар.

Докторите апелираат граѓаните да не се лекуваат сами туку веднаш да дојдат на време бидејќи навременото лекување спречува ширење на болеста.

притисни ентер