МЗТ Скопје на 15 август ќе ги почне подготовките за новата сезона - Канал 5

МЗТ Скопје на 15 август ќе ги почне подготовките за новата сезона

Актуелниот освојувач на двојната круна од минатата сезона во мак-баскетот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на 15 август (понеделник) официјално ќе ги почне подготовките за новата сезона и тоа во салата „Јане Сандански“, каде што новиот тренер Емил Рајковиќ ќе го одржи првиот официјален тренинг по доаѓањето во таборот на „металците“.

МЗТ Скопје на 15 август ќе ги почне подготовките за новата сезона
Новиот стратег во првиот подготвителен дел нема да може да смета на поголем дел од првотимците и тоа поради нивните репрезентативни обврски, што, пак, ќе биде можност за давање шанса на најталентираните од младинската школа за нивно наметнување кај предводникот на сениорскиот тим.

Меѓу оние што ќе го пропуштат стартот е и новата аквизиција на бековската позиција, Шарлон Клоф, кој ќе биде еден од лидерите на селекцијата на Холандија во квалификациите за пласман на ЕП 2017.

Стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром досега има договорено две пријателски средби и тоа на традиционалниот турнир „Мирза Делибашиќ“, кој на 16 и 17 септември ќе се одигра во Сараево и на кој ќе настапат уште и организаторот Босна Ројал, хрватска Цедевита и црногорска Будуќност. Планирано е одигрување на уште неколку контролни дуели, а противниците ќе бидат дополнително објавени.

Пред избраниците на тренерот Рајковиќ е исклучително напорна сезона во која ги очекува настап во Еврокупот, АБА-лигата како и во домашниот шампионат, каде што ќе се приклучат во вториот дел и во Купот на Македонија.

Пред сино-белите е и пеколен старт со десет меча во месец октомври и воведни дуели со екипи како Црвена звезда, Партизан, Цедевита, Цибона и Уникаха. Амбициите, пак, се одбрана на домашните круни, искористување на Еврокупот за стекнување драгоцено искуство како и обид за подобрување на досега најдобриот пласман во АБА-лигата, а тоа е седмото место од дебитантската сезона 2012/13.

МЗТ Скопје во моментов под договор има седум кошаркари и тоа македонските репрезентативци Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ и Марко Симоновски, Холанѓанецот Клоф, Американецот Џош Скот како и српскиот двоец Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер