Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола - Канал 5

Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура беше изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, во режија на Силвио Стилиновиќ, и изведба на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.

Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола

Гостувањето на овој театар беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура, со поддршка на Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Хрватска.

„Навистина се чувствувам како дома. Секогаш ни е драго да се сретнеме со луѓето овде, а особено со нашите Хрвати што доаѓаат тука. Навистина сме благодарни што на некој начин го запознавме господинот Маретиќ и што ни овозможи да се сретнеме со овие луѓе овде. Македонците и Хрватите, можам слободно да кажам дека станавме пријатели, благодарение на таа соработка и на соработката со Хрватскиот културен центар. Во Славонски Брод има еден фестивал на аматерски театри, веќе неколку години и театарските аматери од оваа околина, од Битола, од Ресен, доаѓаат таму и учествуваат на фестивалот. Така што се разви еден убав мост на пријателство меѓу Битола и Славонски Брод. Разговаравме за некои идни соработки, па можеби сега е време да направиме чекор повеќе. Мојот предлог е да се обидеме да се поврземе на ниво на нашите градови“, изјави режисерот Стилиновиќ.

Гостувањето на театарот од Славонски Брод во Битола стана традиција.

„Веруваме дека таа традиција ќе продолжи. Во преговори сме за некои идни соработки на повисоко ниво. Инаку ние ги одбележуваме сите позначајни празници на Хрватска. Освен тоа,

оваа година Хрватскиот културен центар беше организатор на повеќе значајни манифестации, иницијатор на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НУУБ. „Св. Климент Охридски“ Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ Сплит, организатор на неодамнешната турнеја на КУД Илинден во Хрватска, учесник на меѓународни конференции и семинари и сл“, истакна Бранко Маретиќ, претседателот на Хрватскиот културен центар.

Претставата која беше изведена во Битола е работена по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена со цел на презентација и запознавање на публиката со хрватското културно наследство, традиција, чување на хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, а следуваат и концерти на хорот „Стив Наумов“ во Хрватска, концерти во соработка со Општина Битола, традиционалниот Божиќен концерт и сл.

Во претставата играат: Славко Радовановиќ, Петра Ковачевиќ, Антонио Јуричиќ, Ноа Маринац, Јан Битуњац. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ. Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театрите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска. Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци. Режисерската работа на Стилиновиќ успева во она што е тешко дури и за професионалните ансамбли – да извлече од младите актери спонтаност, автентичност и одлично темпо на претставата, што ја држи публиката будна од првата до последната сцена. Заедно со асистентот-режисер Саша Кариќ, тој создаде претстава која го нуди она што публиката најмногу го сака – вистинска смеа. Додека културната сцена често се жали на недостаток на млади луѓе, овој пример од Славонски Брод покажува колку е важно да се инвестира во аматерски театри. Тука се младите луѓе кои избираат глума, креативност и соработка и се вистинска реткост, но и капитал на заедницата во кој треба да се инвестира.

Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод.

Претставата после Битола беше изведена во Ресен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле  речиси целиот златен накит.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините.

За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат.

Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери.

За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Борбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови.

Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување.

Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии.

Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Минатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки.

Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек.

YouTube video

Желки завиткани во селотејп

Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер