ММА борец по победата го нападна судијата (ВИДЕО)

ММА борецот Ахмад Ал Дармаки направи две неверојатни глупости на последниот натпревар.

Борецот од Емиратите на UAE Warriors 12 имаше одлична борба против Богдан Кириленко. На крајот од првото коло, тој успеа да го тргне противникот од грбот и да го задуши за да се предаде. Сепак, се случи ситуација што никој не ја очекуваше.

Марк Годард, еден од најдобрите светски судии во ММА, скокна за да ја прекине борбата, но Ал Дармаки не сакаше да престане да го задушува својот противник. Годард мораше да употреби сила за да ги раздели борците, а потоа разгневениот Ал Дармаки почна да го турка и притиска судијата.

Откако се разделија, борецот од Емиратите започна да ја слави победата, но славењето не траеше долго бидејќи судијата наскоро го дисквалификуваше и му го одзеде триумфот.

Шилегов објави видеа од диносаурусите во Зоолошка

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави видеа од неколку диносауруси кои денеска имале проверка пред монтажата на големите праисториски животни во Дино паркот во Зоолошката градина.

Во овој парк ќе има 41 диносаурус во природна големина. „ Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.

Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

ВМРО –ДПМНЕ : Индустријата тоне, а Македонија со СДСМ извезува корона

Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот.

Факти кои го одбележаа денот:

СДСМ го уништи стопанството. Падот на индустриското производство 1 јануари до 30 јуни оваа година бележи пад од 14.6% во однос на лани.

Граѓаните остануваат без своите работни места поради неспособноста на власта. Бројот на работници во индустријата од 1 јануари до 30 јуни оваа година во споредба со лани е помал за 4.4%.

Македонија станува извозник на корона поради грешки во протоколите на власта. Транзитот на болни од корона низ Македонија е грешка на власта на СДСМ.

Туристичките работници бараат субвенции за плати, власта молчи и остава секторот да тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најмалку 13 загинати во сообраќајна несреќа во Мексико (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица денеска загинаа кога автобус се преврте на автопат недалеку од Мексико Сити, соопштија властите.

Федералниот координатор за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте на својот профил на Твитер напиша дека 27 лица биле однесени во околните болници, пренесе Ројтерс.

Несреќата се случила на пат кон местото Толука , а автобусот превезувал патници од туристичкото место Акапулко кон главниот град Мексико Сити.

Истрагата за несреќата е во тек.

притисни ентер