Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи – 7 починати и 56 случаи западнонилска треска досега - Канал 5

Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи – 7 починати и 56 случаи западнонилска треска досега

Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.

Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи – 7 починати и 56 случаи западнонилска треска досега

Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија.

До 1 септември регистрирани се вкупно 56 случаи на западнонилска треска, а седум лица починаа.

Не се ова статичките бројки, човечки животи се загубени.

Повторно, исто како и со здравствената криза со водата во Гостивар, институциите на Микоцски и Клековски задоцнија со реакцијата.

Владата нема капацитет да превенира и навреме да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

Дури ниту прскањето против комарци не беше спроведено навреме.

Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливите болести. Не функционираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ.

Не функционираат здравствените институции.

Кога СДСМ бараше системски мерки, Национален штаб, ентомолошкиот мониторинг, национална карта на ризик, власта не игнорираше.

Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија кога одговорот на државата требаше да биде најсилен.

Истото се случуваше со кризата во Гостивар кога околу 5.000 граѓани завршија во болници.

Прво се криеше од јавноста, па институциите задоцнија, на крај создадоа хаос.

Осум недели подоцна, јавноста сè уште чека одговори, извештај за водата и одговорност.

Со западнонилската треска повторно гледаме задоцнета реакција откако бројот на заболени и починати веќе порасна.

Истиот модел, истиот институционален хаос.

Задачата на институциите е да превенираат, да контролираат, навреме да реагираат за да го заштитат населението.

Кога системот не функционира, кога превенцијата доцни, кога институциите молчат и кога никој не презема одговорност, цената ја плаќаат граѓаните.

Со своето здравје, а за жал, и со своите животи.

Одговорност мора да има, рече Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле  речиси целиот златен накит.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините.

За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат.

Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери.

За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Борбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови.

Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување.

Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии.

Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Минатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).

Маж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желки

Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки.

Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек.

YouTube video

Желки завиткани во селотејп

Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер