Митева: Македонија е рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија - Канал 5

Митева: Македонија е рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија

Шесте години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија.

Митева: Македонија е рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија

Поразителни се бројките на експертите кои говорат дека до пред само неколку години бројот на наши сограѓани кои биле во сиромаштија бил 360.000, а сега до крајот на 2023 година таа бројка се очекува да се искачи на 510.000. Тоа се скоро 30% од луѓето кои живеат во државата.

Со Ковачевски и Груби, 510.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, додека тие делат бизниси и распишуваат милионски тендери.

Последиците се очекувани особено ако се погледнат економските политики и резултати мерени од страна на домашни и странски институции.

Имено, во 2022 година затворени се 6.857 компании, од кои 5 се големи компании со над 250 лица вработени во нив, 3 се средни компании и остатокот се микро претпријатија, кои прехранувале најмалку уште толкав број на семејства.

Додека Македонија со оваа власт тоне може да се заклучи и од најновата проекција на економскиот раст за земјите од регионот објавена од ММФ. Според најновите проекции на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора и овие држави годинава ќе ја завршат со над 50% поголем економски раст.

ММФ прогнозираше раст на македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, што е за 50% повеќе од Македонија. Растот пак на економијата на Црна Гора за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, тоа е за 80% подобар резултат.

Поради неспособната влада Македонија останува и зад Косово, за чија економија проценката е дека ќе расте 3.8%.

И сето ова почитувани завршува со високата инфлација за што директно виновна е власта на СДС и ДУИ и внимавајте, инфлацијата во Македонија е за 50% повисока од таа во еврозоната.

Нема економски параметар по кој Македонија не е на дното. Со СДС и ДУИ дното секој ден добива ново значење.

Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер