Митева: Инвестицијата од 450 милиони евра во Ветропаркот, струја за над 100.000 домаќинства

Со ваквите политики на Владата земјата ќе биде енергетски стабилна.

Почитувани,

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија.

Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година.

Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата.

Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства.

Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот.

Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.

Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби.

Исполнуваме. За тебе.

Прашање: Став за денешниот конгрес на СДС?

Одговор: Во однос на денешниот конгрес на СДС би кажала само дека и по Заев, доаѓа Заев. СДС беше партија која самата некогаш се фалеше дека има над 100.000 членови, a веќе сега гледаме дека едвај 20.000 членови се регистрирани за гласање. Им посакуваме брзо да се реформираат по оваа катастрофална состојба во која се наоѓаат.

Прашање: Владата донесе одлука за укинување на факултетот за здраватвени услуги во Струга, ваш став за истото, оправдан ли е ваквиот чекор?

Одговор: Мора да знаеме дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори, и едно од задолжителните начини за да се оствари истото е да се направат строги критериуми кој може а кој не може да отвора катедри на фалултети, но исто така треба да бидат свесни сите дека нема да поминат низ иглени уши сите оние кои што сакаат да ги злоупотребуваат законите.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишното генерално собрание на БИС

На средбата, информираат од Народната банка (НБ), беше истакнато дека и натаму е потребна внимателност иако минатата година инфлацијата бележеше надолен тренд, а финансиската стабилност беше задржана. 

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Годишното собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), присуствуваше на средбата на жените гувернери и заменици на гувернери на која се сретна со гувернерката на централната банка на Норвешка и заменик-гувернерките на Канада, Финска и Турција.

На средбата, информираат од Народната банка (НБ), беше истакнато дека и натаму е потребна внимателност иако минатата година инфлацијата бележеше надолен тренд, а финансиската стабилност беше задржана.

Ангеловска-Бежоска заедно со вицегувернерката Ана Митреска, разговараше и со гувернерот на централната банка на Италија, во врска со напредокот во пристапувањето кон СЕПА, но и за можноста за приклучување кон платежниот систем ТИПС на Европската централна банка, што може да обезбеди бројни придобивки во платежната сфера за нашите граѓани и компаниите.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот Годишен извештај за работата на БИС и Годишниот економски извештај.

-Во Извештајот се нагласува дека политиките на централните банки ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Како приоритет на краток рок се нагласува потребата од задржување на ценовната стабилност, како и внимателноста при олабавувањето на монетарната политика. На долг рок, потребни се политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на фискалните позиции. Во рамките на структурните реформи за јакнење на економскиот потенцијал, се истакнува важноста од иновациите во дигиталната сфера во финансискиот систем, посочуваат од НБ.

Во рамките на Годишното собрание, како што велат, имаше и панел-дискусии каде што беа обработувани актуелните теми и предизвици со кои се соочува централнобанкарската заедница.

-Така, на Конференцијата се зборуваше за геополитичките движења и нивниот одраз врз макроекономијата, како и за нивното влијание врз инфлациските притисоци и монетарната политика. Исто така, беа разгледани и можностите и ризиците коишто ги носи дигиталната трансформација и употребата на вештачката интелигенција во работењето на централните банки, како и важноста од инвестициите во зелени финансии, прецизираат од НБ.

Средбите во рамките на Годишното собрание на БИС, посочуваат, се од исклучително значење за справувањето со тековните предизвици, но и за подготовка за идните трендови во монетарната сфера, имајќи ја предвид улогата на БИС како банка на централните банки, како и улогата на меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Во тој контекст, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Митреска остварија и бројни билатерални средби со повеќе свои колеги од централните банки членки на БИС.

Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни власти од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада.

Станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение. Закон кој самите не го испочитуваа.

Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени.

Почитувани,

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, сакам да најавам дека новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди континуирана и системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и на учениците и на родителите и старателите. А квалитетот на образованието ќе биде меѓу врвните приоритети на кои силно ќе се посветиме.

Почнуваме! Исполнуваме! За тебе!

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

264 милиони долари собраа во предизборниот штаб на Бајден во второто тримесечие

Двеста шеесет и четири милиони долари собрале предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците во вториот квартал, соопшти кампањата на Бајден.

Тие прецизираа дека 127 од 264 милиони биле собрани минатиот месец и дека е поставен рекорд за донации од обични граѓани на денот на дебатата меѓу Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Изборниот штаб тврди дека имаат и 240 милиони долари во готовина.

Штабот на Бајден имаше тешки телефонски разговори во неделата и вчера со клучните донатори кои се прашуваа дали Бајден треба да остане претседателски кандидат на Демократската партија по неговиот слаб настап во дебатата. Во вториот квартал, 95 отсто од донациите биле под 200 долари, што според предизборниот штаб означува - широка поддршка за Бајден меѓу обичните Американци.

притисни ентер