Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада.

Станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение. Закон кој самите не го испочитуваа.

Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени.

Почитувани,

Наместо краткорочни неквалитетни решенија, сакам да најавам дека новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди континуирана и системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и на учениците и на родителите и старателите. А квалитетот на образованието ќе биде меѓу врвните приоритети на кои силно ќе се посветиме.

Почнуваме! Исполнуваме! За тебе!

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски бара соработка со Атина и Софија неместо „средновековни дебати“

Македонија е подготвена да соработува со сите соседи и да гради добрососедски односи, но тоа мора да биде двонасочна улица.

Ова е одговорот на премиерот Мицкоски на како што ги нарече, омаловажувањата и навредите од страна на Мицотакис и Радев, кој меѓу другото порача дека меѓународното и уставното право биле јасни и дека Договорот за добрососедство не може да се репеговара. И на двајцата и порача повторно да размислат за дадените изјави и да се се навикнат на полтичари кои ги штитат интересите на македонските граѓани и на државата.

„Мислам дека моите соговорници треба да ги пресипитаат своите изјави и начин на однесување. Но кој сум јас да им солам памат што да прават тие. Жалам што гледаат промена во политиката овде. Поминаа времињата кога ќе има во македонската влада политичари со свиткна кичма, политичари кои се себепнижуваат и политичари кои се подготвени да потпишаат се, само не да го заштитат интересот на македонските граѓани. порча Мицкоски. Мојата порака и до едниот и до другиот, сепак тие се поискоусни од мене и подолго време се на своите позиции, едниот е претседател а другиот премиер на држава е дека ние сме малоброен и мирољублив народ и подготвени сме со секого да соработуваме, но соработката ја гелдаме како двонасочна улица. Не може да биде еднонасочна“, вели Мицкоски.

Прашан за бугарската пропаганда која се вршеше пред пописот на населенито во Албанија, а која резултираше со тројно поголем број изјаснети етнички Бугари од Македонци во албанската област Корча, премеирот Мицкоски вината ја лоцираше во преходната Влада која спред него оставила простор за туѓа пропаганда во југоистичниот дел на Албанија. Најави скорашна посета на Македонците во Албанија и вети дека државата ќе стори се да го заштити нивниот идентитет.

„Сега се поставува прашањето бидејќи во Албанија има скоро три пати повеќе коишто се изјануваат како дел од бугарската заедницам, дали и за Албанија ќе има услов тие да бидат во Преамбулата на албанскиот устав или нема. Бидејќи три пати е поголема бројката на граѓани во Албанија кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, од тие што велат дека се во Македонија. Сега прашањето е дали и за нив ќе важи тој услов, или само за нас“, порача Мицкоски.

Инаку на резултатите од пописот во Албанија веќе реагираше македонското малцинство во Албанија и најавија дек преку зедничка декалрација со другите малцинства ќе побараа споведување на нова статистистичка операција за преборјување на населението. Реакција упатија и од македонското МНР од каде укажаа дека пописните резултати не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци во Албанија.

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор

Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга.

Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците.

- Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена, изјави Точков за МИА.

ЈП „Водовод и канализација“ апелира до населението да не ја користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека превземаат мерки за нормализирање на состојбата.

Проштална средба Муцунски –Гжелчик

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари проштална средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Кшиштоф Гжелчик.

На средбата, министерот Муцунски се заблагодари за целокупниот ангажман и активен придонес во насока на јакнење на односите меѓу двете земји. Воедно, ја истакна важноста која земјава ја дава на развивањето и негувањето на севкупните односи и соработка со Полска, кои се потпираат на длабоко пријателство и споделени вредности.

Воедно, Министерот се заблагодари за принципиелната и силна полска поддршка на нашата интеграција во ЕУ, како на билатерално ниво, така и преку Вишеградската група, и ја нагласи посветеноста на новата Влада за продолжување на европскиот пат, преку исполнување активна агенда на реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународен план.

Двете страна, како сојузници во рамки на НАТО Алијансата ја нагласија одличната по однос сите клучни теми, притоа беше потврдена подготвеноста за натамошна координација и соработка во контекст на претстојниот јубилеен Самит на НАТО во Вашингтон.

Министерот го запозна Амбасадорот со приоритетите на новата Влада, со фокус на нашиот интерес за продлабочување на економската соработка и привлекувањето нови полски инвестиции во нашата земја, соопштуваат од МНР.

притисни ентер