Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. 

Тој нагласи дека ќе одржи важна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресираат овие значајни прашања.

„Испраќам јасна порака. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот кој ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето“, нагласи премиерот.

Оваа иницијатива на Мицкоски е дел од пошироките напори на Владата за подобрување на правниот систем и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

Роналдо се пожали од синот:Неделно троши 40.000 долари на фризури и девојки, сега добива 15.000

Кристијано Роналдо во неодамнешното интервју за Will to Act изјави дека трошоците на неговиот најстар син Кристијано Роналдо Јуниор се многу високи.

„Троши 40.000 долари неделно на шишање, облека, ресторани и неговите девојки. Знам дека е млад и сака сѐ, но мислам дека тоа е премногу за дете на негова возраст“, ​​изјави Роналдо.

Имено, Кристијано Роналдо Јуниор има 14 години и игра фудбал. Се школува во фудбалските академии на клубовите во кои настапува неговиот татко.

„Сега му давам само 15.000 долари неделно, но Џорџина сепак мисли дека тоа е премногу. Сето тоа го троши на ресторани, излегувања и други работи од кои нема никаква корист“, изјави Роналдо во интервјуто.

@willtoact.official Ronaldo’s Thoughts on his sons expenses 😶😳 #ronaldo #cristiano #cristianoronaldo #cr7 #interview #georinarodriguez #cristianojr #ronaldojr ♬ original sound - WilltoAct

Кристијано Роналдо Јуниор. е роден во јуни 2010 година во Сан Диего, Калифорнија, а сè уште не е познато која е неговата мајка. Фудбалерот има вкупно пет деца. Две со неговата свршеница Џорџина Родригез, а другите три ги добил преку сурогат мајки.

Силно невреме во Словенија, прогласен портокалов аларм (ВИДЕО)

Поголемиот дел од Словенија попладнево го зафати силно, најразорно досега невреме, кое што ја погоди областа Ново Место со град од два сантиметри кај Шентвид, соопшти Агенцијата за животна средина (Арсо).

Арсо наведува дека невремето ќе трае целово попладне и вечер, а прогласен е и портокалов аларм.

Невремето со град што се движеше од Постојна преку Иванчна Горица и Ново Место сега слабее, додава Арсо. Најсилниот удар на ветерот е измерен во Нови Место, а тој изнесувал 63 километри на час.

Едниот крак на невремето се поместил од Лешац, кај Радовљица и Љубљана кон североисток и го погодил подрачјето на Велење, каде што се забележани 28 мм дожд. Во Мозирје за 30 минути се забележани 26 мм врнежи, а во Рогла 21 мм.

„Се формираат нови бури и најверојатно вака ќе биде цело попладне“, предупредува Арсо.

Пожарникарите веќе излегоа да интервенираат во Велење и Шмартно об Пака.

Во Церкно ветерот соборил поголем број дрвја, а едно од нив паднало врз станбена зграда. Во Камник поплавени се куќи и камп.

Нови бури се формираат на северот на Италија и се движат кон североисток. Арсо предупредува и на зголемување на поројните водотеци.

Јапонија лансира сателит за следење на приридните катастрофи и безбедносните закани (ВИДЕО)

Јапонија денеска го лансираше надградениот сателит АЛОС-4 на новата ракета H3 за набљудување на Земјата и одговор на природни катастрофи и други безбедносни предизвици.

Ракета H3 бр. 3 полета од вселенскиот центар Танегашима на истоимениот остров во југозападна Јапонија и го ослободи сателитот како што беше планирано 16 минути по полетувањето, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA), пренесува АП.

Напредниот сателит за набљудување на Земјата, наречен ALOS-4, е лансиран за да ја набљудува Земјата и да собира податоци за одговор при катастрофи и мапирање, но исто така е способен да ги следи воените активности, како што е користење на инфрацрвен сензор развиен од јапонското Министерство за одбрана..

По успешното лансирање на 17 февруари и шокантниот неуспех на првиот обид пред една година кога ракетата мораше да биде уништена со товарот, ова е трето лансирање со помош на ракетниот систем H3.

Јапонија развива стабилни и комерцијално конкурентни капацитети за вселенски транспорт и ги смета за клучни за нејзината вселенска програма и националната безбедност.

притисни ентер