Роналдо се пожали од синот:Неделно троши 40.000 долари на фризури и девојки, сега добива 15.000

Кристијано Роналдо во неодамнешното интервју за Will to Act изјави дека трошоците на неговиот најстар син Кристијано Роналдо Јуниор се многу високи.

„Троши 40.000 долари неделно на шишање, облека, ресторани и неговите девојки. Знам дека е млад и сака сѐ, но мислам дека тоа е премногу за дете на негова возраст“, ​​изјави Роналдо.

Имено, Кристијано Роналдо Јуниор има 14 години и игра фудбал. Се школува во фудбалските академии на клубовите во кои настапува неговиот татко.

„Сега му давам само 15.000 долари неделно, но Џорџина сепак мисли дека тоа е премногу. Сето тоа го троши на ресторани, излегувања и други работи од кои нема никаква корист“, изјави Роналдо во интервјуто.

@willtoact.official Ronaldo’s Thoughts on his sons expenses 😶😳 #ronaldo #cristiano #cristianoronaldo #cr7 #interview #georinarodriguez #cristianojr #ronaldojr ♬ original sound - WilltoAct

Кристијано Роналдо Јуниор. е роден во јуни 2010 година во Сан Диего, Калифорнија, а сè уште не е познато која е неговата мајка. Фудбалерот има вкупно пет деца. Две со неговата свршеница Џорџина Родригез, а другите три ги добил преку сурогат мајки.

Муцунски – Димовски: Економски раст, нови работни места и инвестиции во фокусот на Владата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.

На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.

Воедно на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции, соопшти МНР.

Асанж не мирува- Викиликс објави таен документ на израелските разузнувачи

Повеќе од една недела откако Џулијан Асанж беше ослободен од затвор во Британија, со што заврши 13-годишната правна битка, веб-страницата основана од Викиликс објави тајни документи од израелското Министерство за информации.

Во објава на Х, порано Твитер, Викиликс сподели таен документ на израелското разузнавање од октомври 2023 година, за кој тврди дека споменува израелски план за намерно протерување цивили од Газа во Египет, пренесе Индекс. Викиликс наведува дека израелските власти заклучиле дека „таква стратегија би донела долгорочни позитивни резултати“.

„Планот предвидува процес во три чекори кој вклучува воспоставување шаторски населби во Синај и отворање на хуманитарен коридор, по што ќе следи изградба на градови во северен Синај, од кои нема да има враќање“, напишаа со линк до целосниот документ.

Војната во Појасот Газа трае речиси девет месеци откако терористите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел и убија 1139 луѓе, главно цивили, а киднапираа уште 250 луѓе и ги одведоа во Газа. Одговорот на Израел беше жесток и продолжува, а израелските власти тврдат дека нема да запрат додека не го уништат Хамас.

Во нападите на израелската армија врз Газа загинаа 35.000 Палестинци, од кои 56 отсто жени и деца, а десетици илјади луѓе беа ранети. Израел се соочува со критики за масовно кршење на човековите права и присилна евакуација на цивили, а некои земји дури и го обвинија дека извршил геноцид.

Да потсетиме, Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, сајт кој од 2006 година објавува низа доверливи документи на светските влади и разузнавачки агенции, се врати во Австралија пред една недела откако се договори со судот и се изјасни за виновен за американската шпионажа. Со години, САД бараа екстрадиција, судење и драконска казна за Асанж за откривање на доверливи документи и идентитети на функционери на американските разузнавачки служби, со кои што, според нив, ги загрозиле нивните животи.

17- годишен играч на бадминтон почина на терен

Кинескиот 17-годишен играч на бадминтон, Џанг Жиџие почина за време на натпревар на младинското азиско првенство во Индонезија.

Џанг играше против Јапонецот Казума Каван кога доживеа ненадеен срцев удар додека се подготвуваше да му сервира на противникот.

Се онесвести, а лекарите не беа пуштени на терен додека судијата не им даде дозвола. Беше доцна, беше пренесен во болница, лекарите се обидоа да му помогнат, но не можеа. Пораки со сочувство до семејството на младиот кинески спортист упати кинеската асоцијација за бадминтон.

притисни ентер