Јапонија лансира сателит за следење на приридните катастрофи и безбедносните закани (ВИДЕО)

Јапонија денеска го лансираше надградениот сателит АЛОС-4 на новата ракета H3 за набљудување на Земјата и одговор на природни катастрофи и други безбедносни предизвици.

Ракета H3 бр. 3 полета од вселенскиот центар Танегашима на истоимениот остров во југозападна Јапонија и го ослободи сателитот како што беше планирано 16 минути по полетувањето, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA), пренесува АП.

Напредниот сателит за набљудување на Земјата, наречен ALOS-4, е лансиран за да ја набљудува Земјата и да собира податоци за одговор при катастрофи и мапирање, но исто така е способен да ги следи воените активности, како што е користење на инфрацрвен сензор развиен од јапонското Министерство за одбрана..

По успешното лансирање на 17 февруари и шокантниот неуспех на првиот обид пред една година кога ракетата мораше да биде уништена со товарот, ова е трето лансирање со помош на ракетниот систем H3.

Јапонија развива стабилни и комерцијално конкурентни капацитети за вселенски транспорт и ги смета за клучни за нејзината вселенска програма и националната безбедност.

Црвен аларм поради невреме во Грција- силни ветришта и дождови на Халкидики и крајбрежјето

По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме кое ќе биде придружено со силен дожд, грмежи и град, соопшти Националната метеоролошка служба.

Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови на северот на земјата и во Тракија.

Исто така, е посочено дека најинтензивно невреме се очекува утре и дека невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.

Температурата само малку ќе опадне и ќе се движи околу 30 степени. Западно-северозападен ветер со исклучителен интензитет се очекува во Јонското и Китерското Море.

Утре невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата кои ќе бидат зафатени се: Тракија, Халкидики, Тесалија, Споради, Стерија, Пелопонез и Евија.

На наведените места се очекува драстичен пад на температурите.

Предупредување за невреме е издадено и за Атика и Беотија.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат внимателни и да ги преземат сите заштитни мерки. Посебно предупредување се однесува на области каде што се очекуваат обилни врнежи, бури и силни ветрови.

Од петок се очекува разведрување и враќање на реалните летни температури што се очекуваат за викендот.

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието.

Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван, соопштуваат од ЈСП.

Леброн Џејмс останува во Лејкерси- ќе игра со синот за 104 милиони долари за две години

Леброн Џејмс ќе продолжи да игра кошарка, а ќе продолжи да ја игра во Лос Анџелес, бидејќи со Лејкерси потпиша нов двегодишен договор вреден 104 милиони долари.

На овој начин Леброн Џејмс ќе остане во клубот кој го драфтуваше неговиот син, а ова дуо ќе стане првото дуо „татко-син“ во историјата што ќе заигра во најсилната лига на светот.

Џејмс овојпат потпиша двегодишен договор, но во кој има опција за играч, бидејќи е свесен дека нема да може да понуди многу повеќе за НБА, па е претпазлив и ќе чека да ја види неговата состојба од сезона до сезона.

Исто така, во договорот има клаузула според која тој не може да се тргува.

Да потсетиме, Леброн во Лејкерси пристигна во 2018 година, а сега му истече договорот, па кратко време беше слободен играч, пред да реши да потпише нов со Лејкерси.

притисни ентер