Силно невреме во Словенија, прогласен портокалов аларм (ВИДЕО)

Поголемиот дел од Словенија попладнево го зафати силно, најразорно досега невреме, кое што ја погоди областа Ново Место со град од два сантиметри кај Шентвид, соопшти Агенцијата за животна средина (Арсо).

Арсо наведува дека невремето ќе трае целово попладне и вечер, а прогласен е и портокалов аларм.

Невремето со град што се движеше од Постојна преку Иванчна Горица и Ново Место сега слабее, додава Арсо. Најсилниот удар на ветерот е измерен во Нови Место, а тој изнесувал 63 километри на час.

Едниот крак на невремето се поместил од Лешац, кај Радовљица и Љубљана кон североисток и го погодил подрачјето на Велење, каде што се забележани 28 мм дожд. Во Мозирје за 30 минути се забележани 26 мм врнежи, а во Рогла 21 мм.

„Се формираат нови бури и најверојатно вака ќе биде цело попладне“, предупредува Арсо.

Пожарникарите веќе излегоа да интервенираат во Велење и Шмартно об Пака.

Во Церкно ветерот соборил поголем број дрвја, а едно од нив паднало врз станбена зграда. Во Камник поплавени се куќи и камп.

Нови бури се формираат на северот на Италија и се движат кон североисток. Арсо предупредува и на зголемување на поројните водотеци.

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието.

Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Во меѓувреме, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван, соопштуваат од ЈСП.

Леброн Џејмс останува во Лејкерси- ќе игра со синот за 104 милиони долари за две години

Леброн Џејмс ќе продолжи да игра кошарка, а ќе продолжи да ја игра во Лос Анџелес, бидејќи со Лејкерси потпиша нов двегодишен договор вреден 104 милиони долари.

На овој начин Леброн Џејмс ќе остане во клубот кој го драфтуваше неговиот син, а ова дуо ќе стане првото дуо „татко-син“ во историјата што ќе заигра во најсилната лига на светот.

Џејмс овојпат потпиша двегодишен договор, но во кој има опција за играч, бидејќи е свесен дека нема да може да понуди многу повеќе за НБА, па е претпазлив и ќе чека да ја види неговата состојба од сезона до сезона.

Исто така, во договорот има клаузула според која тој не може да се тргува.

Да потсетиме, Леброн во Лејкерси пристигна во 2018 година, а сега му истече договорот, па кратко време беше слободен играч, пред да реши да потпише нов со Лејкерси.

Муцунски – Димовски: Економски раст, нови работни места и инвестиции во фокусот на Владата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.

На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции. Притоа, двете страни се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.

Воедно на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции, соопшти МНР.

притисни ентер