“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
1“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
3Кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор
МакедонијаМендух Тачи смета дека избори може да има во јуниПретседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи смета дека во јуни треба да има избори. Тој на денешната прес-конференција истакна дека изборите се важни за да се заздрави економијата во наредниот период. -Мислам дека после празникот Бајрам (н.з 24 мај) по 21, 22 дена да имаме избори. Многу е важно да има избори затоа што покрај оваа битка со вирусот ни претстои уште една голема битка, битка за економско опоравување на нашиот народ, смета Тачи. Тој истакна дека треба да се отворат верските објекти, порачувајќи дека битката со вирусот ќе трае и ќе треба да се живее со Ковид-19. Препочитувам да се отворат и религизоните објект, но многу претпазливо со голема одговорноста на раководителите на тие објекти и на луѓето што работат. Со почитување на сите мерки. Претпочитувам да се олабават сите условно речено стегнати ситуации од страна на Владата но во ист момент тоа не значи дека од кога ќе олабават овие мерки дека и ние како граѓани ќе олабавиме. Напротив секој ќе се однесува одговорно што значи миење на раце, дистанца, ракавици и носење на маска, рече Тачи./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Македонија“Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматуратаПетстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура.Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, а дополнителен белег на вечерта дадоа музичките точки на самите ученици. Оваа прослава, која се одржува втора година по ред, е особено значајна бидејќи нејзиниот концепт беше креиран директно од младите, врз основа на нивните желби и замисли. -Синоќа сведочевме на прекрасна енергија и вистинска радост. Кога неодамна ги поканив претставниците на учениците за да ги сослушам нивните идеи, знаев дека заеднички ќе создадеме настан за паметење. Нашата цел беше оваа прослава да биде осмислена исклучиво преку нивната призма и токму тоа го остваривме. Овие млади луѓе се доказ дека кога ќе им дадете простор да одлучуваат, тие носат одлични одлуки. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува нивниот глас и ќе биде нивна поддршка. Им посакувам многу успех во понатамошната едукација и верувам дека од тука ќе понесат прекрасни спомени пред да зачекорат во средношколските клупи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченичка во Манчестер со нож повредила соученик и вработен во училиштетоЧетиринаесетгодишна ученичка, уапсена откако завчера наутро избодела три лица во Кооп Академијата во северен Манчестер, е приведена според Законот за ментално здравје. Полицијата на Манчестер (GMP) вчера соопшти дека девојчето е однесено во болница на проценка по нејзиното апсење. Деталите не се познати. Според полицијата, училишниот персонал брзо ја совладало ученичката напаѓач и со тоа спречил некој друг да биде повреден. Во нападот се повредени 14-годишен ученик и 27-годишен вработен во училиштето. Сите тројца биле префрлени во болница, но во меѓувреме биле пуштени дома бидејќи повредите не биле од сериозна природа. Училиштето во населбата Блекли било затворено по инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затворСудија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Скопскиот кривичен суд информира дека судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter