Со квалитет до Европа: „Реплек“ бележи нови успеси и инвестира во иднината на медицинскиот канабис - Канал 5

Со квалитет до Европа: „Реплек“ бележи нови успеси и инвестира во иднината на медицинскиот канабис

Компанијата „Реплек“ е присутна на фармацевтскиот пазар веќе 80 години и чекор по чекор, заедно со своите вработени, изгради име кое денес е еден од синонимите за сигурност и доверба во фармацевтската индустрија.

Со квалитет до Европа: „Реплек“ бележи нови успеси и инвестира во иднината на медицинскиот канабис

Компанијата „Реплек“ веќе осум децении успешно го гради својот углед како еден од најпрепознатливите македонски брендови во областа на здравјето и негата. Со богато портфолио на фармацевтски производи, додатоци во исхраната и козметички линии, компанијата континуирано инвестира во квалитет, иновации и развој, следејќи ги највисоките европски стандарди.

Некогаш табу-тема, а денес сè поприсутен метод на лекување е медицинскиот канабис. „Реплек“ како компанија го препознал неговиот потенцијал уште пред десет години и одлучил да отвори ново поглавје во производството на лекови. Директорот Душан Пецовски вели дека на самиот почеток сè изгледало многу револуционерно.

„Реплек“ тогаш започнал со производство на лекови и препарати базирани на медицински канабис, со идеја да им помогне на пациентите кои бараат нови решенија. Пецовски се надева дека државата ќе ја препознае потребата на граѓаните и ќе овозможи лековите со медицински канабис да бидат достапни преку Фондот за здравствено осигурување.

„Пристапот на „Реплек“ е малку различен, не е аграрен и земјоделски, туку е повеќе фармацевтски. Просто кажано, една банална споредба да направам, а Македонија е позната по одгледување на зеленчук. Тоа е исто како да извезувате домати и пиперки, наспроти да извезувате кечап и ајвар. Значи додадената вредност на финалниот производ, на екстрактот од канабис, на маслото од канабис за кое „Реплек“ се залага е вистинската приказна и вистинскиот потенцијал во индустријата. За жал, тоа сè уште се соочува со предизвици. Тешко можете да дојдете до нив, се надевам дека тоа ќе се промени. Замислете само кога би било маслото со ТХЦ на товар на Фондот, каде граѓаните нема да треба да плаќаат од свој џеб, тогаш сликата би била многу поинаква“, ни објасни Пецовски.

Од Македонија кон Европа

„Реплек“ постави нови стандарди во фармацевтската индустрија кога станува збор за употребата на медицински канабис, а нивниот план е во блиска иднина да се прошират и на пазарите во други земји.

„Реплек“, како ЕУ GMP фабрика, може да се пофали и со извоз во Европската Унија. Оваа година направивме вистински пробив, како на пример на словенечкиот и ирскиот пазар со нашиот екстракт од канабис. Верувам дека за кратко време, односно до крајот на летото, нашите производи ќе бидат пласирани и на грчкиот пазар“, изјави Пецовски за Канал 5.

Исто така, „Реплек“, како дел од својата поддршка и развој на дејноста, формираше и информативен центар за сите граѓани кои сакаат да се информираат за лекувањето со медицински канабис, но и за оние кои поради различни здравствени проблеми се во потрага по решение.

Посветеноста на квалитетот, современите производствени процеси и вложувањето во нови технологии овозможуваат „Реплек“ постојано да создава производи што одговараат на потребите на современиот човек. Токму затоа, по 80 години постоење, компанијата останува пример за успешна домашна приказна која успешно ги спојува традицијата, знаењето и иновациите.

Целото интервју што директорот Пецовски го даде за Канал 5 можете да го погледнете на следниот линк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Чакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. 

Чакал касна жена во Романија; мештаните ја спасија

Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош.

Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24.

Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни ра

МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми

Соопштение МВР

Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција.

Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година.

Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза.

По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата.

Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделците

РЕАКЦИЈА НА СДС

Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море.

Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини?

Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер