Фото: Џенифер Лопез во солзи: Плаче за својот син Макс - Канал 5

Фото: Џенифер Лопез во солзи: Плаче за својот син Макс

Светската музичка и филмска ѕвезда Џенифер Лопез е видена како ги брише солзите за време на прославата по повод матурата на нејзиниот син Макс, кој успешно го заврши средното училиште.

Фото: Џенифер Лопез во солзи: Плаче за својот син Макс

Папараците ги забележаа емотивните моменти за време на церемонијата, а фотографиите ја покажуваат Лопез како ги брише солзите и го следи еден од најважните денови во животот на својот 18-годишен син.

За оваа посебна пригода, таа избра цветен фустан во пастелно зелени тонови, сив кардиган и беж чевли. По церемонијата, таа го прегрна Макс, кој беше облечен лежерно во шарена маица и светли панталони.

На прославата присуствуваа и нејзините родители, Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез, долгогодишниот менаџер Бени Медина и сестрата близначка на Макс, Еми.

Лопез ги доби близнаците додека беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кого беше во брак десет години пред нивниот развод во 2014 година.

Според извештаите, Ентони не се појавил на церемонијата на дипломирање ниту на Макс ниту на Еми. Само еден месец претходно, Лопез присуствуваше и на дипломирањето на нејзината ќерка Еми со своето семејство, вклучувајќи го и Семјуел Афлек, син на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп

Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши.

На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит.

На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Додека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата.

Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа.

Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“.

Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити.

Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас.

Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Втор пат нема да се случи.

ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски.

Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции.

Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата.

Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група.

Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист.

Еден е Фронтот за вистина и правда!

Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Во моментов заседава и кризниот штаб на Град Скопје.

Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје

Поплавени улици и подвозници низ Скопје по обилниот дожд кој попладнево го зафати главниот град. Дел од скопските сообраќајници беа полни со вода.

Јана Јосифоска ни ја пренесува моменталната состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер