Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
МакедонијаМеѓувладина седница Македонија – Албанија: Заедничка цел – членство во ЕУ до 2030 годинаСо кошаркарски дрес од македонската репрезентација и потпишана топка, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го пречека неговиот албански колега Еди Рама на втората меѓувладина седница меѓу Македонија и Албанија. Како конкретен доказ за соработката, Ковачевски го истакна договорот за враќање на незаконски изнесени икони од нашата држава, уште во 2013 година. Во тој дух албанската делегација на македонските колеги симболично им врати една од иконите. Очекувано, евроинтегративниот пат на двете земји беше во фокусот на денешните разговори. И Ковачевски и Рама на заедничката прес-конференција беа согласни дека Македонија и Албанија заедно ги почнале преговорите и заедно треба да ги завршат за полноправно членство во ЕУ до 2030, а уставните измени да не бидат причина Македонија да се врати назад и да се самоизолира. - Вистинската опасност за европскиот пат на нашата држава доаѓа од една политичка партија, која во својата програма е против членството во ЕУ, НАТО, против Берлинскиот процес и Отворен Балкан. Тоа се партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Уште поголема опасност е тоа што тој во заложништво го зема претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб, без став и без визија, кажа Ковачевски. - Вашиот Устав има голем број малцинства кои што се внесени и претставува модел кој е многу добро познат. Тоа треба само да се надополни и тоа е многу едноставно. Верувам дека народот тука е многу попаметен, како и секаде во светот од политичарите. Мислам дека не можеш да поминеш еден чекор во нова епоха, а потоа да се вратиш неколку чекори назад. Јас мислам дека Македонија нема да се врати во минатото и да се самоизолира, изјави Рама. На денешната седница беа потпишани договори и меморандуми меѓу министрите на двете држави, за зацврстување на соработката во повеќе сегменти особено во енергетиката и инфраструктурата. Премиерот Ковачевски најави дека со Албанија ќе се гради инфраструктура за природен гас и обновливи енергии, а се акцентираше и неоходноста за изградба и завршување на патната инфраструктура за Коридорот 8. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook