3Норвешка прави огромен тунел низ планина за да поминуваат бродови- прв ваков потфат во светот (ВИДЕО)
Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
1Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
2Како во филмот „Терминал“: Швеѓанец живеел на аеродромот во Неапол, семејството го пронашло по 3 месеци
МакедонијаГоцевски: Делчево го насочуваме кон одржлив развој и силна локална економијаГрадот Под Голак, нашето убаво Делчево е наша света обврска и завет даден токму пред граѓаните дека ќе работиме неуморно да го вратиме сјајот на градот во кој се крие нашата младост.Почитувани граѓани на Делчево, почитувани претставници на медиумите, Градот Под Голак, нашето убаво Делчево е наша света обврска и завет даден токму пред граѓаните дека ќе работиме неуморно да го вратиме сејот на градот во кој се крие нашата младост, се ткае иднината на нашите деца и се чува приказната за нашите родители. Минатото покрај немирната река Брегалница. Тоа Делчево е нашиот мотив како одговорна локална власт да донесеме развој и да ги испишаме новите страници од приказната за Делчево каде што ќе живеат задоволни граѓани. Сите напори, обврски и предизвици изминативе 12 месеци се со заеднички именител, бескомпромисна работа и развој. Со поддршката од Советот на Општина Делчево испишуваме историја и докажуваме дека промените се возможни, дека може да се зборува и да се работи за една поинаква општина. Општината како реален сервис на граѓаните, општината во функција на одржлив развој и динамична локална економија, унапредување на животната средина и хумани, урбани и рурални услови. Во овие 12 месеци работиме на развој на Делчево во секоја сфера. Посветено работевме на реализација на кампања ,,Се бориме за почист дом, Делчево со нула толеранција за отпад“, инфраструктура за развој, урбанизација во функција на модерен животен стандард и развој на локалната економија. Програма во која се пакува најдоброто од Делчево, со акцент на развојот на културата и туризмот. Воспоставивме поинаков начин на унапредување, воведовме транспарентност наместо затворени одлуки, конкретна работа, наместо празни зборови, започнавме процеси со кои донесовме одлуки кои ја враќаат довербата во институциите на локално ниво. Нема веќе затворени институции. Во овие 12 месеци ја насочивме нашата енергија кон решавање на клучни проблеми кои со години беа запоставувани. Ново структурирање на секторот за локално економски развој, урбанизам, градежно земјиште, сообраќај и заштита и спасување каде што локалниот економски развој има главна улога во работењето на нашата општина. Воведување на ново одделение за меѓународна соработка, подобрување на финансиското портфолио и правниот промет на акти и политики на општина Делчево. Воведовме дигитални алатки и платформи за поефикасна служба во интерес на граѓаните и стопанството. Етаблирање на правичен систем за кариерен раст на нашата администрација со ефикасен мерлив систем за верификација на сите резултати на секој вработен. Ги мобилизиравме сите структури и ги ставивме во пакет за локалниот економски развој којшто е и во основата на нашето работење. Формиравме Совет на интелектуалци составен од наши граѓани кои живеат и работат надвор од Делчево, а чие искуство и професионалност можат да дадат придонес за развојот и промоција на нашето убаво Делчево. Формиравме Совет за развој на туризмот и сите природни раритети ги ставивме во пакет за локалниот развој на оваа исклучително важна економска гранка, бидејќи исконската убавица на пределот Пијанец заслужува да се сподели со добронамерниците и Делчево да прерасне во посакувана туристичка дестинација. Ги отворивме вратите за нашите иселеници, го слушнавме нивниот глас и заедно презедовме мерки, нивното искуство да биде отсликано и во Делчево. Затоа воспоставивме врски со четири општини од Италија, Монфорте, Новело, Родино, Рихардоне и со нив е интезивирана соработката. Покрај тоа разработивме систем за продлабочување на соработката со Благоевград од Република Бугарија и секако Чернома од Република Словенија. Остваривме студиска потеста во Швајцарија каде произлегоа повеќе иницијативи и активности каде живеат и работат наши луѓе и го ткаеме пријателството во интерес на иселениците и на граѓаните на Делчево. Бизнис заедницата од Делчево е нашиот партнер и со иста цел создадовме услови за локален економски развој. Досега се одржани два бизнис форуми, каде разговаравме отворено за проблемите и заедно бараме решенија во интерес на развојот. Формиравме нови состави на месните и урбаните заедници како основна клетка во локалната самоуправа. Го слушаме гласот на младите, наценетите граѓани од трета доба, на мажите и жените подеднакво токму во Делчево. Воспоставивме поголема буџетска дисциплина, зголемена транспарентност и јасен увид во трошењето на јавните средства. Секој денар е ставен во функција на јавниот интерес и во оваа прилика сакам да истакнам дека ништо нема да ја запре реализацијата на програмата ветена пред граѓаните, со добра поддршка од централната власт, со добро изработени проекти од нашата општинска администрација, со поддршката од Советот на Општина Делчево и со искрен и максимално ангажиран пристап може да книжиме само реализација на нови проекти и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на општина Делчево. Капиталните инфраструктурни проекти остануваат да се приоритет број еден и во овој период, само во инфраструктура, во Делчево се инвестирани околу 300 милиони денари инвестиции од Владата на Република Македонија, од донатори и дел од општинскиот буџет, а изградени и реконструирани се улици во должина од над 5км и 5км регионални патишта овде во Делчево. Во завршна фаза е реализацијата на пакетот инфраструктурни проекти поддржани од Министерството за транспорт во износ од над 140 милиони денари. Ги изградивме новите улици во црталното градско подрачје и ги поврзавме со инфраструктура сите нови градби, новите стабени комплекси и го променивме ликот на овој дел од Делчево. Во средена урбана средина и отворивме можности за нови инвестиции. Ја завршивме критичната инфраструктура во населбата Расадник каде што жителите на улицата Видео Смилевски Бато за првпат имаат современа сообраќајница. Изградивме нови улици и соодветна инфраструктура во новата населба Пролет како и во населбата Басарица. Сите овие населби добија соревен урбан лик. Заврши реконструкцијата на улица Индустриска во должина од 500 метри како една од најфреквентните улици во градот и главна сообраќајница што го поврзува индустрискиот дел на градот, градскиот пазар и населбата Расадник и Трети реон. Изградивме нови улици во спортско-регативен центар во должина од 400 метри и водна атмосферска и фекална канализација. За првпат жителите на оваа населба добија современа инфраструктура. Се гради, се регулира речниот тек на Брегалница во Делчево во должина од 1 километар. Во тек е изградбата на регулацијата на речното корито на река Брегалница Возводно во должина од 620 метри во две одделни проекти. Првиот проект се реализира преку проектот за прекугранична соработка ,,Интегрирани преку прекугранични туристички акции во благоевградско-делчевскиот регион. се реализира во рамки на програмата ИПА Бугарија имплементиран од општина Делчево и регионалниот центар застапување од македонската страна и секако општина Благоевград и Алфатур од бугарска страна. Вкупната сума на овој проект е 991,641 евра, од кои 842,895 од Европската унија, а остатокот е национално кофинансирање од 90,441 евра од Бугарија и 58,305 евра од Република Македонија. Вториот проект за регулација на речното корито во должина од 320 метри, возводно е преку Министерството за животна средина. Вредноста на работните се приближно од 42 милиони денари. Третиот проект за регулација на речно корито на река Брегалница низводно во должина од 300 метри се очекува да се официјализира многу многу наскоро. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициска банка и секако Делчево го доби првиот скејт парк изграден во рамки на проектот за прекугранична соработка. Паркот е лоциран до градскиот парк и претставува одлична понуда за младите, туристите и секако за рекреативците. Заврши дворното уредување на новата детска градинка, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ. Наскоро ќе започне реализацијата на нов проект во градинката за опремување на градинката, со вкупна вредност од 6 милиони денари. Оваа нова градинка ќе пружа современи услови за престој и воспитно-образовна дејност за 130 дечиња. Очекувам многу наскоро да започне реализацијата на капиталниот проект изградба на нов водовод во село Вирче. Обврска на Министерството за животна средина во рамките на проектот за водоснабдување на Делчево, секако поддржан од швајцарска влада. Наскоро започнуваме со реконструкција на старата спортска сала во спортскиот комплекс на Делчево. Салата повеќе од две децении за жал го наградуваше градот и сведочеше за негрижа и и на домаќинско работење со јавните средства и од локалната и од централната власт. Во текот на оваа 2026 година ќе биде целосно реконструирана, ќе добие комплетно нов лик и ќе прерасне во центар на спортските настани во Делчево. Во со партнерство со ФФМ се обезбедени нови 1180 седишта за градскиот стадион и продолжуваме со реализација на идејата за подобра спортска инфраструктура. Најавувам реализација на следните проекти. Изработка на техничка документација на ниво на основен проект за реконструкција на постоечката водоводна мрежа Главен цевковод Лошана општина Делчево. Изградба на улица Педршевска, изградба на улица Чифличка, изградба на улица Ветренска, изградба на улица Власка, изградба на улица Грозданец, изградба на улица во село Град, изградба на улица во село Трвотивиште, во село Стамер и во село Вирче. Реконструкција на стариот водовод во населбата Први реон, набавка на нова урбана опрема за детските паркови, изградба на фекални и атмосферски канализации. Почитувани, Значаен сегмент во овие 12 месеци е урбанизацијата која ја ставаме во функција на модерниот живот и стандард и развој на локалната економија, а новиот ГУП на Делчево наскоро ќе биде ефикасен документ кој ќе го планира современиот развој на градот. Исто така за рурален развој на селата во Делчево започнуваме со урбанизација на три села, селото Град, Трботивиште и Габрово. Започната е постапка ТИРЗ Делчево да биде во надлежност на општината и многу наскоро очекувам конкретни инвестиции во оваа развојна зона. Голак е нашиот таргет за развој на туризмот и секако завршен е проектот за водоснабдување на Голак. Наредниот период ќе биде поставен на конкретна работа на терен и како приоритет останува обврската административната постапка на ДУП на Голак. За младите го поттикнуваме нивниот активизам и го слушаме токму нивниот глас. Го отворивме младинскиот центар и ја поддржавме работата на локалниот младински совет. За младите и за талентираните го зголемивме износот на стипендии на 2 милиони денари и исплаќаме средства на секое новороденче и за секое прваче токму во Делчево. Даваме стипендии на талентирани ученици, ги наградуваме правниците и 10те најдобри матуранти. Доделивме 18 ученички стипендии и четири студентски. За секоја стипендија и награда стои млад човек кому му порачуваме дека неговиот труд го препознаваме и го цениме. Зад секоја инвестиција во училиштата и градинките стои нашата најважна инвестиција, инвестиција во иднината на Делчево. За граѓаните кои преминуваат во тежок период поголем буџет во програмата за социјална заштита. Зад оваа мерка за социјална поддршка стои порака дека никој во нашата заедница не смее да биде заборавен. Обезбедивме поголем буџет за социјална заштита во висина од 13,6 милиони денари и воведовме нови мерки со цел да им помогнеме на граѓаните кога на ним најмногу им е потребно. Еднократна парична помош за еднородителски семејства во износ од 10,000 денари. Еднократна парична помош за лекување на онколошки пациенти во износ од 10,000 денари. Еднократна парична помош за рехабилитација на ученици со мускулна дистрофија во износ од 20,000 денари. Културата и традицијата секако се душата на мојот народ. Затоа посветуваме посебно внимание и почит кон зачувување на традицијата и негување на културните вредности. Од локалните обичаи, под маските на Сурова преку традиционалната велигденска изложба, настани по повод одбележувањето на 150 години од Разловечкото востание. Манифестација Свежо културно лето која донесе илјадници гости во Делчево, настани под името ,,Денови на мојот град“. Сите овие изброени настани, но и многу други креирани во новоизграденото партнерство со сите институции од областа на културата и граѓанскиот сектор, кој работи на полето на културата, донесоа нова атмосфера во мојот убав град и верувам дека ја постигна целта сите раритети од регионот да се спакуваат како туристичка понуда од регионот и Делчево со сета исконска убавина да прерасне во во посакувана туристичка дестинација. Во оваа насока е извршено брендирање на туристичко-културен информатор. Во овој преглед на нашата работа и заложбите, на пидестал ја ставаат реконструкцијата на спомен домот посветен на Разловечкото востание кој благодарение на поддршка на нестибичната поддршка на Владата премиерот Мицкоски и Министерството за култура го врати својот сјај и ги отвори вратите за да ја раскажува приказната за едно бурно време на храбрите луѓе кои вложувајќи ги своите животи испишаа историја, кревајќи го првото вооружено востание пред Илинденскиот период. Почитувани, За мене најголемиот резултат од оваа една година не е само она што е изградено. Најголемиот резултат е чувството дека Делчево оди напред. Не велиме дека се е завршено, напротив, има уште многу работа, има уште многу проблеми за решавање, има уште многу идеи што треба да станат реалност, но денес имаме јасна насока. Нашата цел е Делчево да биде општина во која младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат подобри услови за живот, а секој граѓанин ќе чувствува дека општината е тука за него. Во следниот период ќе продолжиме уште посилно со инвестиции во инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, поддршката на образованието, младите и спортот, социјалната инклузија и локалниот економски развој. Ќе продолжиме да бидеме отворени за граѓаните, ќе прифатиме критика и ќе работиме. Затоа што Делчево не се гради само со проекти. Делчево се гради со доверба, со заедништво и со визија. Пред една година кажавме дека сакаме Делчево да го направиме подобро место за живеење. Денес, ние велиме тоа не беше само предизборно ветување, тоа е нашата секојдневна работа и ќе продолжиме за секое семејство, за секое дете, за секој млад човек, за секој наш граѓанин, за секоја детска насмевка. Една година е зад нас, најважните години се пред нас и затоа со уште поголема енергија, со уште поголема одговорност и со уште поголема верба во нашиот град, продолжуваме да го градиме Делчево што го сакаме, Делчево што се развива, Делчево што оди напред. Ви благодарам од срце, рече Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноТри години штедел за да си купи скутер- влегол во продавницата со вреќа монети, продавачите ги броеле со часови (ВИДЕО)Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба .Невообичаена приказна за трпение и упорност доаѓа од индиската држава Телангана, каде што 51-годишниот Б. Рави Џозеф успеал да ја оствари својата желба на прилично необичен начин - купил нова Хонда Актива со пари што ги штедел исклучиво во монети три години. Џозеф, кој работи како пастор во црква, живее во округот Манчеријал. Почнал да штеди на 10 октомври 2023 година, кога решил дека секој пат кога ќе добие кусур во монети од 10 рупии (околу девет евро центи), ќе ги штеди. Не секогаш имал поддршка Па, малку по малку, за време на неговите дневни патувања до продавницата и други активности, успеал да собере 123.000 рупии, или околу 1.158 евра. „Во текот на изминатите три години, од парите што ги трошев, вклучувајќи купување намирници и други трошоци, каде и да одев, успеав да издвојам нешто. Така штедев“, рече тој. Сепак, неговиот план не секогаш наидувал на поддршка. Во еден момент се појавија гласини дека монетата од 10 рупии може да биде повлечена од оптек или да го изгуби статусот на законско средство за плаќање. Поради ова, некои членови на неговото семејство почнаа да го одвраќаат од понатамошно собирање пари. На почетокот, тие самите беа скептични во врска со необичниот начин на штедење, но со текот на времето ја прифатија идејата и го поддржаа во остварувањето на својата цел, објавува Индија Тудеј. Тој имаше и поскапа желба Џозеф првично размислуваше да ги искористи заштедите за да купи нешто корисно за домаќинството, но подоцна се предомисли и реши да ги инвестира парите во ново превозно средство. Неговиот претходен мотоцикл почна да се расипува и повеќе не работеше правилно, па затоа одлучи дека е време да го замени. Тој исто така призна дека има уште една, многу поскапа желба - би сакал да може да купи мотоцикл Royal Enfield Bullet, но неговите финансиски можности не му го дозволуваа тоа. View this post on Instagram A post shared by India Trend | Viral News (@indiatrend.in) Кога конечно одлучи да купи Honda Activa, се соочи со уште еден предизвик - да најде продавница што ќе ја прифати целата сума во монети. Според менаџерот на салонот во Луксетипет, Џозеф прво се обратил кај продавачот 15 дена пред купувањето за да провери дали е можно да го плати скутерот исклучиво со монети од 10 рупии. Вработените се согласиле да ја прифатат понудата, а потоа Џозеф се појавил во салонот со парите што внимателно ги штедел три години и го зел скутерот.Тагови: монети скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветНаставничка призна вина, откако роди дете чиј татко е нејзин 13 – годишен ученик (ВИДЕО)Сега веќе поранешна наставничка за петто одделение се изјасни за виновна во Њу Џерси откако роди дете за кое обвинителите велат дека било зачнато од ученик кој во тоа време имал 13 години!Лора Карон, 36, се изјасни за виновна за кривично дело од втор степен за загрозување на благосостојбата на дете преку сексуално однесување, како дел од спогодбата за признавање на вина што бара од неа да се откаже од лиценцата за наставник и од секое идно јавно вработување, објави Пипл. Карон првично беше обвинета за тешка сексуална злоупотреба, сексуален напад и загрозување на благосостојбата на дете откако обвинителите рекоа дека таа била во врска со ученикот со години, почнувајќи од кога тој имал 11 години и бил во нејзиното петто одделение. NJ teacher who had baby with 13-year-old student pleads guilty - despite victim defending her https://t.co/pKHwNGxVZN https://t.co/ugolhNCrmJ — New York Post (@nypost) October 31, 2026 Според наводите на обвинителите на рочиштето за старателство во 2025 година, сексуалниот контакт со ученикот започнал во 2016 година и траел четири години, што резултирало со раѓање на дете во 2019 година, наводно чиј татко бил тогаш 13-годишно момче. Обвинителите рекоа дека Карон била пријателка на семејството на жртвата и договорила детето да остане во нејзиниот дом. Ова на крајот доведе до тоа момчето да живее со неа, сè додека полицијата не интервенираше во случајот. Случајот излезе на виделина по објава на Фејсбук. Таткото на жртвата објави на социјалните мрежи во 2024 година дека неговото дете, кое сега има пет години, личи на неговиот син. Директорот на училиштето ја видел објавата, го привлекол вниманието на неа и започнал истрага. Кога детективите разговарале со жртвата, тој потврдил дека имал сексуален однос со Карон и дека е татко на нејзиното дете. На рочиштето за изрекување на пресудата во 2025 година, обвинителите рекоа дека го пресметале бројот на сексуални напади врз основа на интервјуа со жртвата и процениле дека тој бил сексуално нападнат вкупно 416 пати. Во соопштението за медиумите во кое се објавува признавањето на вината од Карон, обвинителите рекоа дека таа се согласила на петгодишна казна во државен затвор. Сепак, пред да може да почне да ја издржува казната, таа ќе биде подложена на проценка за да се утврди дали е „склона да го повторува таквото однесување и/или има компулсивни тенденции“, што би можело да влијае на нејзината казна. По отслужувањето на затворската казна, Карон ќе биде должна да се регистрира во регистарот на сексуални престапници на Меганс Ло и да биде под условна казна до крајот на животот. Казната на Лаура Карон е закажана за 8 јануари 2027 година.Тагови: наставничка ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКаде завршија танкерите со со руски дизел за САД?Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки.Договорот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за испорака на руски дизел во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозни пречки, откако два од првите три танкери што го носат руското гориво ги сменија своите првични дестинации. Танкерот „Талисман“, кој е под санкции од САД, Велика Британија и ЕУ, се пренасочи од својата рута кон американскиот атлантски брег и влезе во Средоземното Море, објави „Фајненшл тајмс“ (FT). Бродот е во близина на брегот на Алжир и испраќа сигнал „чекајќи инструкции“, што укажува дека сè уште не потврдил купувач или пристаниште каде што ќе го истовари својот товар. Вториот танкер, „Леруо“, кој е под знамето на Сиера Леоне и е во сопственост на компанија од Хонг Конг, ја смени својата дестинација во Бразил. Тој брод е исто така под санкции наметнати од ЕУ, Велика Британија и Канада. Регулаторните и санкциите ризикуваат да ги запрат испораките Третиот танкер, „Агиои Фанедес“, кој првично го сигнализираше Њујорк како своја дестинација, сè уште плови кон североисточниот брег на САД, но ниту тој нема потврдено пристаниште за истовар. Неговиот сопственик, грчката компанија „Истерн Медитеран Маритим“, изјави дека бродот продолжува со своето патување во исчекување на инструкции, бидејќи пристаништето каде што ќе се истовари товарот сè уште не е одредено. Мат Смит, аналитичар во „Кплер“, рече дека не би било изненадувачки ако и тој танкер го промени курсот и го напушти американското пристаниште, со оглед на претпазливоста на потенцијалните купувачи поради регулаторни, правни и санкциони ризици. Во меѓувреме, друг танкер, „Бист“, исто така плови кон американскиот атлантски брег. Овој брод натоварил дизел во руското пристаниште Приморск на 27 октомври. Според податоците што ги цитира „Фајненшл тајмс“, првите три танкери требало да транспортираат вкупно околу 140.000 тони руски дизел. Ова се првите пратки опфатени со привремена дозвола од американските власти, издадена откако Трамп објави договор со Путин на 9 октомври за ублажување на ограничувањата за извоз на руски дизел.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook