Меган Фокс се пожали: Ми го малтретираат синот, зошто носи фустани (ФОТО) - Канал 5

Меган Фокс се пожали: Ми го малтретираат синот, зошто носи фустани (ФОТО)

Скоро свршената Меган Фокс заплака во неодамнешното интервју за Glamour UK додека зборувала дека нејзиниот најстар син Ноа бил малтретиран на училиште.

Меган Фокс се пожали: Ми го малтретираат синот, зошто носи фустани (ФОТО)

Според мајката на три сина, нејзиното срце е скршено од суровоста на децата со кои нејзиниот син ги дели училишните клупи.

"Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, би сакала човештвото да не е такво", рекла Меган за својот деветгодишен син.

Актерката и претходно отворено зборуваше дека нејзиниот син сака да носи фустани. Дури и кога имал само две години ги претпочитал наместо панталони, тврди Меган. Во меѓувреме, како што изјави за Glamour, прочитала купишта книги на оваа тема, вклучувајќи ги и оние напишани од трансродови деца.

Таа го гледа изборот на облека на нејзиниот син како негов начин на изразување.

"Некои од книгите велат дека можеш да бидеш момче и да носиш фустан. Можеш да се изразиш преку облеката како што сакаш. Тоа дури и не мора да има никаква врска со вашата сексуалност", рече таа.

Таа додаде дека со години работела за да ги охрабри Ноа и неговите браќа, Џорни и Боди, да го прифатат она што се. За жал, вели таа, другите луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син.

Таа истакна дека ја крши тоа што мора многу да патува поради работата и да ги остава синовите.

„Посакувам да можам да ги земам со себе, тоа би ги олеснило работите. Тешко ми е, не само поради притисоците на општеството, туку и затоа што сум одвоена од нив. Тие се мојата ДНК“, додаде таа.

Меган има три сина со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Во јануари нејзиниот дечко Шатган Кели ја запроси, а иако неодамна имаа затегнати односи на црвениот тепих, работите во меѓувреме се средуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Два товарни брода синоќа биле погодени од дронови во одделни инциденти во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. 

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија.

-Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија

Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна.

Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина.

Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Здружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен  конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите.

Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора.

Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира.

-Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца.

-Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски.

Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер