ОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата? - Канал 5

ОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?

Кочанското обвинителство утрово побара судот во Кочани да и определи мерка  притвор на Ива Михаилова, еден ден откако таа вчера заедно со својот адвокат побегна во Бугарија. 

ОЈО Кочани со барање за притвор по бегството на Ива Михајлова, ќе има ли потерница по обвинетата?

Кочанското обвинителството утрово испратило допис до судот преку кој бара да и се определи притвор на Михаилова.

-Надлежниот обвинител до судот утрово достави предлог за определување на мерка притвор за обвинетата. Тоа е она што обвинителството може да го направи во овој момент, иако судот може да постапува по службена должност. - Обвинителство

Ова значи дека доколку судот одлучи да и одреди на Михаилова притвор, се отвора можноста МВР да распише меѓународна потерница за Михаилова. Меѓутоа, кочанскиот суд се уште ја нема донесено одлуката. Претседателот на Судот во Кочани, Спиро Борисов, во изјава за Канал 5, вели дека тие официјално од МВР за бегството на Михаилова биле известени утрово, а одлуката по предлогот на обвинителството допрва ќе треба да се носи.

-Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани, од каде беше доставен предлогот за определување на мерка притвор. Судот треба сега да одлучи за притворот, работиме со многу мал број на судии, но постапуваме ажурно. – Спиро Борисов, претседател на Основен суд Кочани

Од МВР иако побаравме и натаму нема одговор како Михаилова и нејзиниот адвокат побегнале, ниту пак дали е во тек внатрешна истрагана МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова.

– Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму. Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.- Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР

За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна од по пристигнувањето во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен. Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Два товарни брода синоќа биле погодени од дронови во одделни инциденти во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. 

Два товарни брода погодени од дронови во близина на бугарскиот брег

Едниот кој пловел под знаме на Гвинеја Бисао потонал, а од неговиот екипаж се исчезнати 11 морнари по кои се уште се трага. Од вториот брод, кој пловел под знамето на Малта и бил погоден од три дрона, бил спасен целиот екипаж со 15 членови. .По нападите, бугарскиот премиер Румен Радев денеска се сретна со руската амбасадорка Елеонора Митрофанова. Радев побара да се утврди кој стои зад нападите и да се повикаат на одговорност, порачувајки дека иако Бугарија нема јасни и кочени докази за потеклото на дроновите, тој смета дека последиците и одат во прилог на Русија.

-Ова е апсолутно неприфатливо. Уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води. Не располагаме со цврсти и јасни докази за да обвиниме која било од страните, но логиката укажува на она што го изјавив, дека исходот е во корист на Руската Федерација.- Румен Радев – премиер на Бугарија

Како што соопштија од бугарската владина информативна служба, Митрофанова на средбата изјавила дека ја разбира логиката на Радев, но дека таа немала никакви информации од Министерството за одбрана на Руската федерација поврзани со последните напади во Ценото Море. Митрофанова не ја исклучила можноста нападите да претставуваат провокација од трета страна.

Со реакции излегоа и НАТО и ЕУ. Генералниот сектетар на Алијансата, Марк Руте на социјалната мрежа х напиша дека разговарал со Радев и дека НАТО ќе продолжи да соработува со сојузниците во регионот, да ја следи безбедносната состојба и да ги приспособува одбранбените мерки според потребите. Нападите ги осуди и претседателката на Европската комисија Урсула фон деј Лајен, порачувајки дека одговорните мора да сносат последици. Таа оцени дека Црното море станува нов фронт на ескалација во руската војна против Украина.

Ова е втор ваков инцидент во близина на бугарскиот брег за само една недела, откако минатата недела исто така беа погодени два трговски брода, од кој едниот потона, а десет членови на екипажот беа пријавени како исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Здружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен  конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите.

Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора.

Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира.

-Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца.

-Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски.

Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер