Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?
2Манасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаБазенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерацијаУчилишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија. Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи. Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“ „Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење. - „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт. - ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор, но без пасошПоранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. „Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“ За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаМанасиевски: Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија? СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија.Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. Имено, докторот кој ја констатира дијагнозата на Ива Михаилова е доктор Иван Барбов, кој беше поставен за директор на Клиниката за неврологија во 2017 година, од страна на Зоран Заев и Венко Филипче. Токму докторот Иван Барбов изготвил извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, туку дека ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија. Истиот Иван Барбов е познат во јавноста како осуден криминалец во судскиот случај „Метастаза“, каде што бил еден од обвинетите за посредувње во издавањето на инвалидски пензии. Според информациите кои тогаш ги објавија и медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии. Групата на Барбов за двете години додека дејствувале според податоците кои во јавноста излегоа преку медиумите, заработиле 165.000 евра, но и го оштетиле Фондот за здравство за 53.000 евра, за што Иван Барбов е и правосилно осуден. Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста? Очекуваме постапка по допрен глас и истрага на овој случај во кој се сомневаме дека имаат вмешано прсти Филипче и Заев, преку својот доктор Барбов, а зад целата оваа операција стои токму Бугарија и Румен Радев, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНМ реагира на повторувачките он лајн закани кон новинарот Александар ВидиновскиЗдружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати допис до Министерството за внатрешни работи (МВР), изразувајќи загриженост поради повторувачките закани и притисоци кон новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски. Најновите реакции на социјалните мрежи, проследени со закани, лични дисквалификации и омаловажувачки квалификации, се дополнителен показател за трендот на јавни напади кон новинарот. ЗНМ оценува дека повторувањето на ваквите појави создава непријателска атмосфера кон новинарите и може да поттикне дополнителни негативни реакции, вклучително и содржини со елементи на говор на омраза. Критиката на новинарската работа е легитимен дел од јавната дебата, но личните навреди и обидите за дискредитација не смеат да станат прифатлива практика во јавната комуникација. Во дописот до МВР упатен до контакт точката одговорна за пријави од ваков карактер, ЗНМ бара надлежните институции да посветат соодветно внимание на приложените содржини, имајќи ја предвид повторливоста на нападите кон Видиновски. ЗНМ потсетува дека заштитата на новинарите и условите за непречено вршење на нивната професионална работа се предуслов за слободно и независно информирање, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter