МакедонијаМаркоски: Се што е во учебникот во географија се потпира на научни вистини и фактиРеакциите сметаме дека се нарачани, бидејќи, како што е спомнато конкретниот учебник е во употреба од 2002 г.Aвторите на учебникот по географија на албански јазик за втора година средно сиго бранат сопственото дело и не се согласуваат со одлуката на власта учебникот да биде повлечен,по реакциите дека има содржини навредливи за албанската заедница. Професорот Благоја Маркоски од Институтот за географија, во име на сите автори, за Канал 5 тврди дека учебникот Националната географија за II-ра година реформирано гимназиско образование е изработен според програма подготвена и одобрена од Бирото за развој на образованието на Македонија уштево 2001 година, со целосно спроведена постапка за изборна учебник. Според него спорно е зошто сега се проблематизира содржината. – Реакциите сметаме дека се нарачани, бидејќи, какошто е спомнато конкретниот учебник е во употреба од 2002 г. Во меѓувреме во конкретното министерство имаше неколку министри од незаменливите коалициони партнери, па немало проблем. Зарем за овие 19 години никој не ја прочита содржината на конкретниот учебник, па сега се најде некој да исполнува желби, вели проф. Маркоски. Груби и Царовска ги договорија измените на учебниците, откако албанците се пожалија дека за нив е спорно што биле претставени како доселеници кои со помош на турската власт плански биле распределени на територијата на Македонија, а некои постепено биле албанизирани, Професорот Маркоски од Институтот за географија, вели дека се што е во учебникот се потпира на научни вистини и факти. -Принципот на каузална поврзаност со другите наставни предмети во случајов со историјата и непосредните одредби во програмата за појаснување на миграциите на одделни групации на граѓани низ историските случувања и настани на овие територии, а сето тоа со цел да се појаснат типовите на миграции кои се главен предмет на проучување. Според тоа, авторите професионално стојат зад содржините на учебникот, бидејќи истите се темелат на научно потврдени докази, изјави за Канал 5, проф. Маркоски. Премиерот Заев, пак, денеска го поддржа предлогот за отстранување на сите учебници со несоодветни содржини.. Бришењето на содржините, од власта се објаснува со членот 26 став 2 од Законот за учебници според кој учебниците се повлекуваат доколку содржат навредливи материјали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над ЛитванијаБорбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало над Литванија откако беше издадено предупредување за главниот град Вилнус и околниот регион.Леталото во Литванија дошло од соседна Белорусија и се движело кон запад. Гитанас Науседа, претседателот на Литванија, утринава објави: „Беспилотно летало што штотуку навлезе во литванскиот воздушен простор беше уништено од борбени авиони на НАТО. Со оглед на тоа што Русија ја засилува агресијата врз Украина, ваквата подготвеност е од витално значење за нашиот регион.“ Во меѓувреме, Полска ги активираше своите воздухопловни сили како превентивна мерка поради руските напади со беспилотни летала врз Украина. Вчера полската војска извлече сомнително руско беспилотно летало од морето кај балтичкиот брег во северна Полска. Литванија, Латвија и Естонија – сите членки на НАТО на границата со Русија – постојано се соочуваат со навлегувања на беспилотни летала на нивните територии откако Москва ја започна војната против украина.Тагови: дрон НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook