Млечниот пат „проголтал“ цела галаксија пред 11,8 милијарди години, тоа ја сменило вселенската историја - Канал 5

Млечниот пат „проголтал“ цела галаксија пред 11,8 милијарди години, тоа ја сменило вселенската историја

Млечниот пат „проголтал“ џуџеста галаксија пред околу 11,8 милијарди години, според новото истражување објавено во списанието Nature Astronomy.

Млечниот пат „проголтал“ цела галаксија пред 11,8 милијарди години, тоа ја сменило вселенската историја

Научниците ги проучувале ѕвездените јата во областа што се протега на внатрешните 20.000 светлосни години од Млечниот Пат, користејќи податоци од вселенските телескопи Хабл и Гаја, објави Ројтерс.

Анализирана возраст, состав и движење

Истражувачите ги анализирале староста, хемискиот состав и движењето на ѕвездите за да го утврдат нивното потекло.

Тие процениле дека проголтаната џуџеста галаксија во времето на спојувањето имала маса на нејзините ѕвезди еднаква на масата од околу 500 милиони Сонца, или приближно една четвртина од масата на Млечниот Пат во тоа време.

„Клучното откритие на нашето истражување е недвосмисленото откритие на првото спојување што го доживеа нашата галаксија“, рече астрофизичарот Давиде Масари од Националниот институт за астрофизика во Болоња, кој е и главен автор на студијата.

Што донесе спојувањето?

Според него, спојувањето донело голем број ѕвезди, меѓуѕвезден гас и темна материја на Млечниот пат.

Иако ѕвездите не се судриле, судирот на гасот од двете галаксии веројатно предизвикал формирање на голем број нови ѕвезди. Млечниот пат подоцна помина низ уште најмалку две големи спојувања.

Масари процени дека проучувањето на овие настани може да им помогне на научниците подобро да го разберат формирањето на Млечниот Пат, како и формирањето на Сончевиот систем и Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер