МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката - Канал 5

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Најдобриот македонски кошаркарски клуб, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја заврши соработката со тренерот Васко Атанасов.

МЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработката

Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион.

Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера.

„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот.

Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Година на големи инвестиции и развој.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци.

-Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Поминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување.

Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира.

На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари.

Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места.

Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава.

Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава.

Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе.

Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење.

Но затоа удри по џебот на народот.

Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти.

Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%.

Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати.

А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари?

После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот.

YouTube video

Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, Јегуновце

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва

По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Лишени од слобода двајца дрвокрадци во прилепско и крушевско, пронајдени се и одземени нежигосани дрва

На 29.10.2026 во 14:30 часот во с.Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода В.С.(57) од с.Житоше затоа што на место викано ,,Надводеница“ во с.Житоше бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва.

На 29.10.2026 во 16:20 часот во с.Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициско одделение Ропотово го лишија од слобода С.Б.(69) од с.Белушино затоа што при преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила.

притисни ентер