„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
2„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт
СветМаж е уапсен на гробишта- носел мумифицирани тела на деца и черепи, во куќата му пронашле ужас (ВИДЕО)Маж од Пенсилванија е обвинет за кражба откако кај него биле пронајдени повеќе од 100 човечки черепи и други останки.Џонатан Герлах (34) бил уапсен на гробиштата Маунт Морија во предградието на Филаделфија додека носел торба со мумифицирани остатоци од деца и неколку черепи, пишува Скај њуз. Потоа, полицијата открила бројни долги коски, мумифицирани раце и стапала, тела во фаза на распаѓање и предмети од коски во домот на Џонатан Герлах и во складиштето што го поседувал. „Беа во различни состојби. Некои беа обесени, така да се каже. Некои беа составени, а некои беа само черепи наредени на полица“, изјави окружниот обвинител на округот Делавер, Танер Раус. Истрагата е покрената по серија провали на гробиштата Маунт Морија, кои се протегаат на 160 хектари и содржат околу 150.000 гробови. Полицијата тврди дека Герлах намерно провалувал во древни мавзолеи и подземни гробници, оштетувајќи камени плочи за да стигне до остатоците. Тој е уапсен со лопата во рацете Властите соопштија дека пронашле и накит за кој се верува дека е поврзан со гробовите, а во еден случај, пејсмејкер сè уште бил прикачен на останките. Мотивот зад кражбата на останките, од кои некои се стари стотици години, засега е нејасен. Герлах беше уапсен пред три дена со лопата, а според судските документи, тој признал дека украл приближно 30 „сетови“ човечки останки. Тој се соочува со 300 обвиненија за кражба, примање украден имот и злоупотреба на труп. Тој е обвинет и за десетици дополнителни обвиненија за сквернавење на јавен споменик, почитуван предмет и историско гробно место. Властите беа информирани за сквернавењето на гробиштата од непрофитно здружение кое работи на зачувување на гробиштата, потврди градоначалникот на Једон, Рохан Хепкинс.Тагови: Гробишта телата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на ЈанушевУште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски.Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Е сега, суштината е во тоа што во анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема јавно достапни податоци дека Јанушев пријавил поврзаност со компанија во Бугарија. Токму затоа овој случај бара итна институционална реакција. ДКСК, Јавното обвинителство и сите надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, да ги проверат сите факти и да утврдат дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто? Јавноста заслужува одговор на едноставното прашање. Но, овој скандал открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани кои тераат бизниси преку бугарски компании. Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во УмагПо успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при. По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината. Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз. Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар. Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Тагови: Анна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до властДодека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки. СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања. Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот. Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста. Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12