Македонски филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси - Канал 5

Македонски филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси

Во францускиот град Наси во тек е 23-то издание на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси (ФИФН) , на кој во натпреварувачкиот дел се наоѓаат два филма на македонски режисери и една копрудикција, јавува дописникот на МИА.

Македонски филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси

Публиката на ФИФН е навикната да гледа македонски филмски продукции, кои се редовно застапени на големиот екран. Изминатата година тука беше претставен филмот „До балчак“ и „Џипси Меџик“ на Столе Попов, а беа прикажувани и филмовите „Пред дождот“ и „Мајки“ на Милчо Манчевски, „Панкот не е мртов“, „Лазар“...
Филмовите „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски и „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ се селектирани во официјалната натпреварувачка програма на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција, а копрудукцијата меѓу Бугарија, Германија и Македонија „Посоки“ на Стефан Командарев ќе биде прикажан во ревијалниот дел на фестивалот, меѓу премиерите по фестивалот од Кан.
Новиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, инаку кубанско-американска копродукција, се најде во новата натпреварувачка селекција на фестивалот од Нанси – ЛАБО за експериментални филмови.
„Крајот на времето“ е опишан како експериментален филм „за оној хипнотизирачки миг во еден обичен, скромен вторник кога човек сфаќа дека времето запрело и светот е вшмукан во една единствена насмевка“.
- „Крајот на времето“ е филм кој може комотно да се претстави во музеј или галерија наместо во кино-сала. Во него продолжувам да ја истражувам крстосницата каде што вистината и прикаската се вкрстуваат, преклопуваат и сукобуваат; овој пат на минималистички начин“, има речено за својот филлм најнаградуваниот и најуспешен македонски филмски уметник Милчо Манчевски.
Филмот е снимен во Сан Антонио де лос бањос на Куба, а постпродукцијата во Њујорк и Македонија. Ова е една од првите американско-кубански копродукции, која почна пред неодамнешното затоплување на односите меѓу двете земји.
Македонската Агенција за филм и македонското Министерство за култура не учествуваат во овој проект. Директор на фотографија е Ален Лопез Мартинез, монтажер Кристина Поженел, автор на музиката и тонскиот дизајн е Игор Василев Новоградска, визуелните ефекти се на Мишо Ристов и Рекс, а колор грејдингот на Мајкл Двас.
Вториот краткометражен филм е „Еклер“, во режија на Марко Ѓоковиќ, кој се наоѓа во меѓународната селекција. Филмот ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре. Во главните улоги настапуваат Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Емил Костовски и Сара Климоска.
До организаторите на фестивалот од Нанси, годинава беа испратени вкупно 2.352 краткометражни филмови од целиот свет, од кои само седумдесетина се наоѓаат на фестивалската програма.
На овој филмски фестивал во Франција веќе пет години претседател и главен уметнички директор е Македонецот Тони Гламчевски, новинар.
На свеченото овторање на фестивалот минатиот викенд присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа Петар Поп Арсов, кој во таа прилика имаше средба со претставници на градските и регионалните власти.
На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси се прикажуваат околу 150 филмови, од кои половината се краткометражни во различни натпреварувачки категории. Има посебна селекција за млада публика, има натпреварувачка европска селекција на документарни долгометражни филмови, престижната селекција „Под Ѕвездите“ - проекции на отворено, за која се дава наградата на публиката. Минатата година наградата ја доби „Џипси Меџик“ на Столе Попов.
На фестивалот, од 25 август до 4 септемврим ќе бидат прикажани околу 150 филмови од над 60 земји. Ќе има 104 сеанси, од кои многу француски и меѓународни премиери. Фестивалот годинава се фокусира на Јужна Америка и околу темата за популизмот, германскиот и германофонскиот филм, документарци во официјална натпреварувачка слекција за европскиот документарен филм, а има и богата избор на филмови за младите од три до 15 години. Тука е и селекцијата на Големиот регион, односно источниот дел на Франција, Луксембург, Белгија и пограничните делови на Германија.
Специјален гостин на фестивалот е 89-годишниот познат режисер Марсел Офулс, чиј татко е Макс Офулс, во чија чест ќе биде прикажан документарниот филм „Сеќавањето на правдата“ за судењето во Ниренберг. Целта на фестивалот од Нанси е надминување на границите и предрасудите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Повеќе од 400.000 работници во автомобилската, машинската и електроиндустријата во Германија излегоа на улиците и организираа предупредувачки штрајкови откако пропаднаа неколку рунди преговори за плати, објави синдикатот IG Metall.

Штрајк на 400.000 работници во Германија- бараат поголеми плати

Според AFP, податоците на синдикатот покажуваат дека околу 413.000 работници учествувале во штрајкови од минатиот викенд до петок, пренесе Кликс.

Првите собири пред фабричките порти започнаа во недела, 1 ноември, на полноќ, кога истекоа претходните договори за плати. Со нивното истекување, заврши и законската обврска на синдикатите да се воздржат од штрајкови.

Штрајкови во повеќе од 2.000 компании

Синдикатот IG Metall најави предупредувачки штрајкови во повеќе од 2.000 компании низ Германија само за оваа недела.

Барањата на синдикатот се фокусирани на:

• Зголемување на платите за седум проценти, со дополнителни подобрувања за работниците со најниски приходи.

• Зачувување на постојните работни места и локации за производство.

• Учество на вработените во распределбата на профитот на компанијата.

Од друга страна, за време на втората рунда преговори, работодавците презентираа понуда за трајно зголемување на платите од 1,3 проценти, со имплементација дури од јули 2028 година.

Синдикатот го окарактеризираше таквиот предлог како провокација која, како што наведуваат, всушност би им донела на работниците вистински пад на приходите.

„Работниците се борат за иднината на своите семејства и своите работни места. Тие очекуваат значително зголемување на куповната моќ и поконкретно преземање на обврските и инвестициите на работодавците“, рече главниот преговарач на IG Metall, Надин Богуславски.

Богуславски додаде дека синдикатите излегле со фер и флексибилна понуда и дека во овој момент потегот зависи од работодавците.

Преговорите меѓу двете страни ќе продолжат следната недела. Синдикатот предупредува дека штрајковите ќе траат значително подолго доколку работодавците не одговорат на барањата. Во овие преговори директно се вклучени повеќе од 3,7 милиони работници вработени во еден од клучните сектори на германската економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.

Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило.

Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта.

Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.

Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер