За некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите? - Канал 5

За некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?

За некои професии нема празници. 

За некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?

Додека Македонија празнува, има професии кои секогаш се на терен, меѓу нив се докторите, полицијата но и пожарникарите кои секогаш се на готовс без разлика на тоа што станува збор за празник.

Нема празник ниту за вработените во дирекцијата за заштита и спасување – иако денеска информациите оттаму се дека алармантни пожари нема, сепак мобилни екипи на дирекцијата и пожарникари се на терен во месноста Рамно на скопска Црна Гора, каде се уште има активен пожар кој не претставува закана за околните села и објекти. Првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека работата за големи државни празници не е ништо ново за него и вработените – вели дека тие се секогаш подгототвени, но алармира и дека граѓаните треба да бидат одговорни, посебно доколку се одлучат да го поминат празникот на отворено.

– Во суштина сите коишто се наоѓаме во вакви безбедносни области повеќе сме ангажирани во неработни денови – без разлика дали е викенд, празник или неработен ден бидејќи тогаш постои поголема раздвиженост на луѓето. Исто како денес на овој голем ден кога многумина со своите автомобили, се обидуваат да ги посетат своите блиски. Некои можеби ќе заминат во природа кршејќи притоа неколку основни закони, особено значајни за нас како на пример правење на скара. Затоа и ние сме посебно внимателни во текот на неработните денови и ја немаме таа привилегија како другите граѓани за време на неработен ден викенд или празник да бидеме слободни.

Во првите редови кога народот празнува или слави секогаш се и докторите – па така итната медицинска помош во Скопје и денеска ќе има свои дежурни екипи активни во текот на целото деноноќие.

– Секако дека е предизвик, иако е ден за одмор, меѓутоа, сепак, за тимовите и за службата за итна медицинска помош ова не важи, така да, ние сме секогаш спремни за одговор на сите овие вакви предизвици. Денеска располагаме со шест екипи во редовните тимови меѓутоа секако она што остава одбележје на денот е вечерашниот настан, а претходно секако дека имаме и медицински обезбедувања и пред платото на Владата..

За вечерашниот концерт на националната арена Тодор Проески по повод прославата на независноста предвиден е и посебен сообраќаен режим, што значи дека екипи на МВР ќе бидат активни во централното подрачје на главниот град во текот на целата вечер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер